Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители oд утре (сабота) од 09:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари, најавија од зоолошката градина.
“Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци.
Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е заеднички на Градот Скопје и Зоолошката градина, веруваме дека ќе придонесеме за туристичката понуда во градот.
Се гледаме утре (Влезот е од Градскиот парк)” – истакнаа на својот фејсбук профил од Зоолошка градина Скопје.