Министерот за здравство Д-р Венко Филипче заедно со директорите на Институтот за трансфузиона медицина, како и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa- Струмица, на претседателот на Владата Зоран Заев му врачија благодарница за личната донација на семејството Заеви за реновирање на оваа здравствена установа. Службата за трансфузиона медицинa во Струмица по 35 години е првпат реновирана и рехабилитирана, со што струмичани добиваат модерен простор по највисоки стандарди за непречено дарување крв.
Се работи за целоснo реновирање на чекалната, амбулантите за преглед и земање крвни примероци, салата за пункција на крводарителите, кујната за освежување на крводарителите, лабораторијата за имунохематолошки анализи, лабораторијата за хемостаза и хемостатски нарушувања, кабинети за лекарите специјалисти, собата за дежурство за лаборантите и тоалетите. Реализацијата на проектот започна во февруари оваа година и заврши во април.