ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Младите се интересираат за претприемничко знаење и за развој на бизнис идеи и иновации

May 31, 2021 19:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Младите сакаат предизвици. Сакаат да стекнуваат знаења, особено од областа на претприемништвото и потоа истите да ги искористат паметно за создавање на креативни бизнис идеи и идеи за иновации. Остварувањето пак на тие идеи, всушност значи исполнување на големи детски соништа и создавање на идни креатори и двигатели на процесите и позитивните промени во општеството. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешниот завршен настан во рамки на Националниот натпревар на ученички компании што веќе неколку години го организира Џуниор Ачивмент, на кој беа прогласени победниците за учебната 2020/2021 година.

Царовска изрази задоволство што втор пат има можност да учествува на прогласување на победници на натпреварот и додаде дека ваквите натпревари го развиваат индивидуалниот и колективниот натпреварувачки дух, истрајноста, личната свест и одговорност, како и способноста за тимска работа, што, како што посочи, се особено важни вредности кои треба да се втемелат при изградбата на секој карактер, бидејќи се основа за поставување и остварување на цели и добри резултати на приватен и професионален план.

„Ова е еден од моментите низ кои се гледа дека Северна Македонија има голем кадровски потенцијал. Во државата има млади кои се гарант за нејзина добра иднина и тие треба да бидат поддржани, нивниот труд и желба за развој да бидат стимулирани. А како институции на системот во соработка со граѓанскиот сектор, но и нашите меѓународни партнери кои работат на остварување на глобалните цели за одржлив развој, токму тоа и го правиме“, рече Царовска, додавајќи дека е убедена дека младите ги препознаваат сите нови можности кои државата ги креира за нив особено во последните 3-4 години.

Министерката ги поздрави сите учесници на натпреварот, а им честиташе на успехот на оние кои стигнаа до финалето.

„Верувам дека секој очекува да го слушне своето име меѓу победниците. Но, запомнете – сите сте вие победници и гордост со која можеме да се пофалиме на светот. Продолжете да се натпреварувате и во иднина, во границите на сопствената земја, но и на надвор од неа покажете дека нашата татковина го има највредното – паметна и перспективна младина“, потенцираше Царовска.

На Националниот натпревар на ученички компании годинава учествуваа 23 ученички компании од 14 средни училишта од земјава. Првото место го освои ученичката компанија „LifePal“ од гимназијата „Никола Карев“ од Скопје, која нуди интересно и практично решение за непредвидливи ситуации од секојдневниот живот на училиште, работа или при рекреација.

Неопходните сетови, претставуваат мали пакетчиња составени од неколку производи, кои ќе бидат лесно достапни преку поставени вендинг машини. Второто место го освои ученичката компанија „TechBook“од
гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје, која понуди смарт тетратка и веб страна, додека третото место го освои ученичката компанија „Grow Green“ од СУГС Кочо Рацин од Скопје, која разви идеја за еко кафетерија, чии производи се биоразградливи и еколошки.
Победничката компанија ќе има можност да се претстави на Европскиот натпревар на ученички компании, кој го организираат Џуниор Ачивмент Европа и Џуниор Ачивмент Литванија.
Организаторот на натпреварот оваа година додели и награда за најдобра презентација на производот или услугата преку социјалните мрежи, на ученичката компанија „Health Activity Providers“ од ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес. За посветеноста во работењето во програмата беа доделени и наградите за најдобар наставник на Снежана Бошковска од гимназијата „Никола Карев“ од Скопје и најпретприемничко
училиште – СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп. За прв пат, Џуниор Ачивмент Македонија додели и награда за најдобар есеј за етичка дилема во бизнис на ученикот Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.

Next Post

Дерала: Организаторите на 27ми Април сè уште се шетаат на слобода

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk