ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богдановиќ: Ја собираме целата документација и постапуваме по заклучокот за елаборатите за суспензија на спорните ДУП-ови

June 2, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постапуваме по заклучокот, ги вадиме сите податоци кои ни се потребни бидејќи во заклучокот кој го донесовме на мое барање и на дел од советничката група на СДСМ беше да се води внимание за одредени процеси кои ги имаме започнато. Целата документација ја собираме и постапуваме, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со елаборатите за суспензија на спорните ДУП-ови, вклучително и тој спроти Холидеј ин, кои треба да се достават до Министерството за транспорт и врски.

Постапувањето по заклучокот, вели Богдановиќ, трае, бидејќи станува збор за обемна документација која дел ја имаат, а дел мора да ја прибават од други институции.

– Кога ќе имаме конкретна информација и по мислење на Министерството за одреден елаборат ќе ви дадеме конкретна слика. Дали ќе биде дел, дали ќе биде цел опфат, на крајот ќе се заклучи во самото мислење. Ние сме ги дале сите параметри кои сметаа дека се потребни. Комисијата работи на тој проблем, станува збор за обемен материјал, бидејќи има многу земјишта кои се отуѓени со јавно наддавање за кои се почнати постапки. Потоа имате кривична оговорност, мора да координирате со обвинителство, со судовите бидејќи ако направите една мала штета, скапо може да ја чини Општината, рече Богдановиќ, додавајќи дека за да се промени одреден план, треба да се донесе нов план.

Со новите измени во Закон за урбанистичко планирање, смета тој, ќе се придонесе што побрзо да одат роковите, односно побрзо да се донесе план.

– Да не може по сто пати да се враќа кај планер, па да не постапува, па во институција, па институцијата имала тука некој или немала, па денес има една забелешка. Не! Еднаш треба да се кажат забелешките за да може што побрзо да го однесеме планот, бидејќи џабе разговараме, ако не донесеме нов план, како што сме имале нови планови, да отстраниме тоа што е спорно, вели Богдановиќ.

Додава дека има стиуации кога за одреден план имаат 10 пати враќање, и тогаш, како што вели, се губи во време.

– После укинувањето на мораториумит вие не можете правно да спречите некој да си побара по стариот план, бидејќи веќе немате правна пречка. Затоа ни е брзањето, што побргу да траат процедурите, што побргу да се носат плановите за да може со нов план да го смениме стариот, рече Богдановиќ.

Прашан дали имаат притисоци со оглед на тоа дека инвеститорите се заканија дека ќе следат тужби доколку не се даде дозвола за градба, Богдановиќ посочи дека за неколку ситуации што поништувале одобренија и покренале постапки за раскинување се дадени на суд.

– Конкретно сега за катната гаража веќе се најавува рочиште каде треба да го раскинуваме договорот, нормално ние ќе ги браниме нашите ставови што сметаме дека е оправдано, а инвеститорот зошто не почнал со градба треба да ги брани своите ставови, тука имаме кривична пријава од наша и од нивна страна, вели Богдановиќ.

Уште еднаш повтори дека мора да се вклучат сите надлежни институции, бидејќи ова, како што рече, не е проблем само на Општина Центар и на Градот.

– Правиме се што можеме, ги брзаме работите, но затоа мора поддршка и од тие институции, заклучи Богдановиќ.

извор: МИА

Next Post

Делегација од Вермонт во посета на МО и ГШ на Армијата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk