ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров – Брн: Ирска е за што побрз старт на преговорите со Северна Македонија

June 2, 2021 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска, на барање на ирската страна, имаше видео-средба со државниот министер за европски прашања на Ирска, Томас Брн, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Ирскиот претставник на Советот за општи работи на ЕУ изрази интерес за статусот на европското досие на Северна Македонија, со акцент на напорите на португалското претседателство и нивниот предлог, како добра основа за надминување на предизвиците за усвојување на преговарачката рамка и пробив на евроинтегративниот пат во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ. Вицепремиерот Димитров се заблагодари за континуираната ирска поддршка за македонскиот евроинтегративен пат и се осврна на посветеноста на европската агенда во клучните реформски области поради што е потребен неодложен старт на пристапните преговори, како и на посветеноста за отстранување на пречките во таа смисла.

– Иако географски сме оддалечени, Ирска и Северна Македонија се споредливи по однос на многу карактеристики, а особено по определбата да дејствуваат како конструктивни партнери во Европа. Таа поврзаност неминовно нѐ упатува на интеграција и обединетост во вредностите, што се стремиме да ја заокружиме со заедничка европска иднина под знамето на Европската Унија. Сакам да изразам благодарност на Даблин за одлучното застапување на европските принципи и заложбата за фокусирање на суштината на пристапниот процес, а тоа е усвојување на европското законодавство, вредности и стандарди. Од македонска страна, остануваме посветени на европската агенда дома како аргумент плус за одржување на поддршката на нашите ирски пријатели за процесот на проширување чие натамошно  одолговлекување е неприфатливо бидејќи е на штета на заедничките интереси. Верувам дека силната заложба заедно со добра волја и свесност за влогот може да резултира со европско решение, истакна Димитров.

Министерот Брн нагласи дека со оглед на исполнувањето на сите услови од македонска страна и огромниот влог за влијанието на ЕУ, од ирска страна има силна поддршка за што побрзо одржување на првата меѓувладина конференција и заслужено отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тој најави гласна поддршка за Северна Македонија на сите претстојни состаноци на работните тела на Советот на ЕУ.

Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори претставува можност за продлабочување на соработката меѓу двете земји, преку пренесување на плодното ирско искуство во процесот на трансформација, што во моментов се одвива преку силна техничка и експертска поддршка во рамките на ИПА-инструментите, се наведува во соопштението од СЕП.

извор: МИА

Next Post

Иницијатива на Хелсиншки комитет за донесување Закон за постапката и условите за избор на уставните судии

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk