ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Од Самитот на НАТО се очекуваат амбициозни одлуки кои ќе ја направат Алијансата посилна

June 2, 2021 10:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на лидерскиот самит на земјите – членки на Алијансата кон средината на месецов, вчера попладне преку заштитена видео-конференциска врска се одржа состанок на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на кој учествуваше министерката Радмила Шекеринска.

На состанокот, како што информираат од Министерството за одбрана, биле финализирани подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година, во Брисел, чија главна тема ќе биде иницијативата „НАТО 2030”, чија цел е подготовка на Алијансата за следната декада. Се очекува на Самитот на НАТО да  бидат донесени амбициозни одлуки и да се потврди посветеноста на Алијансата на трансатлантската врска.

-На состанокот на министрите за одбрана беа потврдени одлуките врзани за колективната одбрана, за проширувањето на пристапот кон безбедноста и зајакнување на отпорноста на општествата на новите безбедносни предизвици. Воедно, беше потенцирано значењето на технолошкиот развој и неговото влијание во градењето на одбранбените капцитети и способности. Министрите за одбрана се согласија дека Алијансата во иднина ќе ја прошири соработката со партнерите и со сите демократски земји кои се залагаат за меѓународен поредок заснован на правила. Исто така, беше постигната согласност дека НАТО во иднина ќе работи на зголемување на свеста за безбедносните импликации од климатските промени, се наведува во соопштението од МО.

Министерката Шекеринска ги презентирала националните ставови на Република Северна Македонија, давајќи силна поддршка на определбата за зајакнување на колективната одбрана, како и на потребата за континуирана адаптација на новите безбедносни предизвици, со кои ниту една земја не може да се справи самостојно.

На состанокот станало збор и за состојбите во Авганистан, каде завршува мисијата на НАТО, но останува определбата за цивилна и дипломатска поддршка на безбедносните институции во Кабул.

Министрите за одбрана, како што стои во соопштението, ја поддржале одлуката за донесување на следен Стратегиски Концепт на Алијансата, кој ќе биде презентиран и одобрен на следниот НАТО Самит во 2022 година.

извор: МИА

Next Post

Царовска: Со “Учи паметно работи стручно” ја враќаме довербата и соработката помеѓу компаниите и стручните училишта

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk