ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена насовремена опрема

June 3, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години.

На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче, заменик – министерот за здравство Илир Хасани, министерот за надворешни работи Бујар Османи, директорите на Фондот за здравствено осигурување и на здравствени институции.

Премиерот Заев рече дека со отворањето на реконструираниот оддел за торакална хирургија продолжуваат со низата капитални инвестиции во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани. Тој им честиташе на сите кои вредно работеле на реновирањето и во екот на пандемијата со Ковид-19.

Во реконструкцијата на одделот, како што посочи премиерот, се вложени 60 милиони денари со што комплетно се реновирани хирушките сали, купена е најсовремена опрема за комплетна грижа и лекување на пациентите, бидејќи квалитетната здравствена услуга ни е на прво место.

– Со овој чекор кој е дел од капиталните инвестиции во јавно здравствените установи Владата ја потврдува својата цврста определба за градење одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните. Во изминатите четири години Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи со цел поквалитетна здрвствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Овој хирушки центар е столбот на здравствениот систем. Со заеднички сили реализиравме капитални инвестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјава, истакна Заев.

Потенцира дека со тој план биле опфатени Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар, клиниките за дигестивна хирургија, за хематологија, за пластична и реконструктивна хирургија, за неврохирургија, за ендокринологија, за психијатрија, за очни болести, гинекологија и акушерство, Заводот за слух, говор и глас, за детски болести, Институтот за трансфузиона медицина, Специјализираната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Железара, како и целиот комплекс на Интерни клиники во Клиничкиот центар.

– Реновирани се двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, во Здравствениот дом во Велес, Битола и Македонски Брод целосно се обновени службите за Итна медицина помош. Исто така, во поиклиниките Чаир и Ѓорче Петров комплетно се реновирани вакциналните пунктови. Годинава е во тек и втората фаза од реконструкцијата и адаптацијата на Општата болница во Кичево. Меѓу главните приоритети на буџетската политика 2021 година е поддршката на здравствениот сектор што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, додаде Заев.

Министерот Филипче рече дека му е драго кога на овој начин се одбележуваат вакви настани во рамки на целокупната нивна програма со заемен договор со директорите на јавно здравствените установи од чии буџети треба да се зајакне инфраструтурата во Клиничкиот центар, каде со години работат врвни експерти од одредени области.

– За време на кризата многу работи се средија, паркинг просторот, влезот се реши и проблемот со улицата „Водњанска“. Ги нема повеќе тие колони возила кои чекаат да стигнат до клиниките. Во рамките на тој целокупен план денеска се промовираат новите сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, целосно реновирани на начин на кој ниту едни операциони сали тука во блокот, каде со години наназад се изведуваат најсложените оперативни интервенции не се реновирани повеќе од 60 години. Сега благодарение на овие целосно реновирани операциони сали нашите лекари и експерти од сферата на васкуларната и торакалната хирургија ќе можат да дадат здравствени услуги на пациентите какви што се даваат во најразвиените европски болнички центри. Тоа значи дека ѕидовите, подовите, протокот на воздухот се направени по сите европски стандарди, рече Филипче.

Опремата која се наоѓа во салите, потенцира министерот, нуди можност пациентите да добијат услуги од секаков вид и повеќе од сферата на торакалната и васкуларната хирургија и нема потреба тие да се праќаат на лекување во странство. Додаде дека тоа значи сериозно зајакнување на овој осетлив дел од здравствениот систем.

– Со пуштањето во употреба на реновираните хирушки сали го подигнуваме квалитетот на здравствени услуги на највисоко можно ниво во современата медицина посебно во хирургијата за што сме посебно горди заедно со колегите и персоналот на Клиниката, рече директорот на Клиниката, Неџати Јакупи.

Тој и се заблагодари на Владата за поддршката во буџетот и посака соработката да продолжи, како и инвестициите во јавното здравство посебно во терциерното здравство.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Узунов: Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и тоа не е грев

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk