ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За работа во недела најмалку 50 отсто поголема дневница, вработените во трговските центри ќе имаат двојно поголема

June 3, 2021 14:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат работниците во трговските центри, кои ќе работат во недела, бидејќи станува збор за неесенцијална дејност. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50 проценти и слободен ден, но, таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или на друг начин.

Од ССМ најавуваат дека по донесувањето на законското решение со кое ќе се регулира работа во недела, ќе се трудат да ги усогласат колективните договори со него.

-Во ЗРО за сите есенцијални дејности се вели да добијат зголемување од најмалку 50 посто, а во колективни договори тоа може да стане и 100, 150 или 200 проценти, односно се дава можност во колективните договори да може да се даде поголем износ. По донесувањето на ЗРО во членот за денот недела како неработен ден ние како синдикати ќе се потрудиме врз основа на тој член да ги усогласиме нашите колективни договори и како колегите од трговија да побараме 100 или повеќе проценти дневница за работниците кои ќе работат во недела, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Тој вели дека законот нагласува дека миниумот е поголема дневница за 50 проценти, но ако во колективните договори износот е поголем ќе биде применета поповолна дневница. -Министерството и Владата гарантира 50 посто, а ние како Синдикат и работодавачи може да се согласиме таа да изнесува повеќе, рече Димовски.

Според него, има 43 дејности за кои се смета дека се неопходни поради видот на технолошкиот процес или есенцијална дејност заради фунционирање на државата и поради тоа мора да работат и во недела.

-Во нивните колективни договори со работодавачите ќе бараат право како во трговијата дневницата да биде најмалку 100 процент, рече тој, додавајќи дека и сега има дневници кои се повисоки од оние пропишани со закон, поради тоа што така е регулирано со колективни договори.

Министерката Шахпаска вели дека недела треба да биде ден за неделен одмор за сите работници, освен за исклучоците кои се такасативно наброени и, како што рече, се однесуваат само за вработени во индустрија и сектори од витална важност за државата.

-Тоа не значи дека сите вработени во тие компании и гранки ќе работаат во полн капацитет. Проценките се дека ќе работаат околу 30 посто од нив. Со предвидувањето на надоместот за работа во недела од 50 посто доколку со колективен догвор или на друг начин не е поголем износ, сакаме да испратиме порака дека не сакаме да ускратиме право на работници, како оние во здравството, кои добиваат поголеми дневници согласно колективни договори. Зошто се прави разлика и за моловите се предвидува дневница поголема за 100 проценти? Затоа што тоа не е техничко-технолошки процес кој не може да се прекине или есенцијална дејност, рече министерката Шахпаска.

Таа додаде дека ним им било дозволено да работат во недела бидејќи, како што нагласи, анализите покажале дека 40 проценти од прометот го остваруваат во недела. Затоа рече, има законски регулирани поголеми дневници, но и обврска два посто од приходите на неделно ниво да го упаќаат во Буџетот на државата, а тие пари ќе бидат наменети за изградба на градинки.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи

July 15, 2025
AI Generated Image

Астронаути од Индија, Полска, Унгарија и САД се враќаат на Земјата

July 15, 2025
Скриншот

Индиски и светски авиокомпании во вонредна проверка на прекинувачите за гориво на „Боинг“ по катастрофата на „Ер Индија“

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk