ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: ДУИ во сабота ќе соопшти убава работа за државата

June 3, 2021 14:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска не одговори на прашањето дали неговата партија и ДУИ на локалните избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник по информациите во јавноста што произлегоа по вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во Липково дека на 5 јуни (сабота) ќе излезе со „платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“. Заев рече дека ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, без да навлегува во детали, и оти таа е во целосна корелација со работењето на Владата.

-Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата.  ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава е заради тоа што е во целосна корелација на работењето на Владата. Убава е заради тоа што е модерна и затоа што е соодветна на 21. век. Мене ме бендисува што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Јас ќе оставам ДУИ да соопшти затоа што тоа е нивна агенда, нормално споделена со нас, рече Заев денеска по настанот во Клиничкиот центар во Скопје. 

Според него, во тоа што ќе соопшти Ахмети ќе бидат препознаени голем број од државните политики кои биле вградени навремено согласно новата агенда која што ја има ДУИ.

-Јас верувам, сето тоа е во духот на унапредување на севкупниот политички амбиент во државата. Драго ми е што, еве ние направивме сериозни промени во СДСМ, непосредни избори, 50 отсто жени, 50 отсто мажи, поголема застапеност на младите итн., возобновивме доста нови лица, а тоа ДУИ што го прави навистина е освежување и убава новина, ама секако тоа е право ДУИ да го соопшти, така што нема да навлезам во деталите внатре, рече Заев.  

Од ДУИ денеска нема коментар за најавите на Ахмети од Липково, туку само најава дека претседателот на партијата по повод 19-годишнината од основањето на партијата, на 5 јуни во сабота, во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните преку социјалните мрежи и ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Узунов: Економијата ќе започне да закрепнува од летово

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk