ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Организирано и со следење протоколи мина денешното полагање државна матура

June 5, 2021 19:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Без доцнење, со почитување на протоколите денеска над 15 000 матуранти го полагаа првиот, екстерен испит по мајчин јазик, во рамки на задолжителната државна матура. Полагањето почна во 10 часот, со физичко присуство од училница, иако цела учебна година матурантите следеа настава онлајн, со исклучок на малкумина од стручните училишта.

„Матурата помина одлично запазувајќи ги сите мерки, почнавме навреме во 10 часот. Прашањата беа лесни. Маски носевме, по еден во клупа, 12 во училница“, објаснува за Радио МОФ, Елена Тимова, која денеска полагаше државна матура во Неготино.

И Станиша Станковиќ, кој полагаше во Битола, се согласува дека се минало во најдобар ред.

„Тестаторите беа префини, немаше ниту еден проблем ниту од наша, ниту од нивна страна. Се почитуваше кодексот на облекување, ни беше укажано да не носиме кратки панталони, искинати фармерки, пристојно да сме облечени“, вели Станковиќ.

Бленди Ходаи, досегашниот претседател на Сојузот на средношколци, од Тетово истакна дека бил испочитуван договорот со државните институции кој го направија токму поради тоа што цела година мина со онлајн настава, а ланската генерација поради пандемијата воопшто не полагаше државна матура.

„Сето тоа што беше координирано во договорот беше имплементирано на првиот испит на државната матура, а ние очекуваме и за наредните три испити да важи истото. Дознаваме дека нема некој проблем во некое училиште во државата и сето тоа што се договоривме помеѓу нас како Сојуз на средношколци и Владата беше имплементирано“, рече Ходаи кој додаде дека заедно со надлежите работат на нов концепт за полагање државна матура кој би почнал за две години, од учебната 2023/2024 година.

Од Министерството за образование и наука посочија дека и покрај предизвиците успешно е организирано полагањето државна матура, со што учениците ќе стекнат диплома за положена матура како услов за упис во високо образование и во земјава и во странство.

„Оваа година ги исполнивме сите неопходни задачи. Усвоивме протокол за постапување на училиштата според кој во секоја училница може да има најмногу до 15 ученици. Ги адаптиравме наставните програми и концептот за полагање, поради скратената учебна година. Се изработија базени со прашања по сите предмети кои беа и јавно објавени, а се организираше и вакцинирање на околу 2300 тестатори и набљудувачи кои ги примија двете потребни дози од вакцината, што значи стекнат имунитет“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на СУГС „Никола Карев“ по повод почетокот на полагањето на државната матура.

Согласно концепцијата за полагање државна матура, денес вкупно 15.300 ученици го полагаат првиот од двата екстерни предмети – мајчин јазик. На 11 јуни ќе следи полагањето на вториот екстерен испит кој значи направен избор помеѓу математика и странски јазик, а до крајот на јуни ќе бидат организирани и интерните испити по распоред кој го креираат самите училишта. Рокот за одбрана на проектната задача беше до 30 април. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.

За матурантите кои се пријавени да полагаат, но во моментов се спречени поради изолација, предвидени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни. Додека учениците кои нема да положат, имаат дополнителна можност на 11 и 13 август.

 

извор радиомоф.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Иранците не веруваат во примирје со Израел, подготвени се за различни воени сценарија

July 15, 2025

Гутереш ја оцени ситуацијата во Газа како „ужасна“

July 15, 2025

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk