ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бабовски: Македонските граѓани консумираат безбедна храна

June 7, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на 2020 година, ветеринарните и инспекторите за храна спровеле вкупно 54.382 контроли, а како небезбедна, инспекторите и операторите уништиле приближно 238 тони на храна, информираше денеска Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, на настанот „Безбедна храна денес за безбедно утре“ по повод 7-ми јуни – Светски ден на безбедност на храната.

Бабовски истакна дека македонските граѓани треба да бидат сигурни дека консумираат безбедна храна иако, како што кажа, секогаш, за жал, се можни и постојат и одредени пропусти.

– Како одговорна институција и во услови на пандемија, направивме максимални напори да ги заштитиме граѓаните, ги зајакнавме контролите уште од самиот почеток на пандемијата, истакна тој.

Дополни дека расте интересот на граѓаните за безбедност на храната, а преку одделението за заштита на храната во Агенцијата за храна и ветеринарство, од вкупно поднесените 173 претставки, 74 се однесуваат на безбедност на храната.

Од овој настан, истакна Бабовски, ја упатуваме клучната порака дека безбедноста на храната е одговорност на сите, на институциите, науката, бизнис операторите, но, и на самите потрошувачи и, како што кажа, таа има непосредни и долгорочни придобивки, не само за луѓето и нивното здравје, туку и за економијата во целина.

– Дигиталните иновации, напредокот на научните решенија, но, и почитувањето на традиционалното знаење кое го издржа тестот на времето, во иднина треба да осигураат сè поголемата достапноста на граѓаните кон количините на безбедна храна, сподели Бабовски.

Бабовски одговарајќи на новинарски прашања истакна и дека Агенцијата се соочува со недостаток на кадар при што напомена дека имаат потреба од минимум 20 дополнителни инспектори.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велкова истакна дека нема ништо поважно од тоа ние како потрошувачи да консумираме безбедна храна и ги сподели очекувањата на потрошувачите.

– Очекуваме да се унапреди законската рамка, стандардите да бидат што построги, потрошувачите да стекнат поголема доверба во храната, поголема едукација на потрошувачите со цел тие да научат како да ги избегнат ризиците поврзани со храна, добро спроведување на правилата за добра хигиенска пракса и контрола, и, во континуитет да се вршат инспекциските надзори, истакна Лончар Велкова.

Таа сподели дека најголемите поплаки од граѓаните биле во однос на чувањето и декларацијата на производите, како и рокот за употреба.

На денешниот настан претставници од науката, институциите и невладиниот сектор ќе дебатираат за новата европска стратегија за безбедност на храната, за перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, за флексибилната примена на правилата за системот за безбедност на храната низ призмата на потрошувачите. На настанот ќе се дебатира и за употребата на здравствените тврдења и измамите при нивно користење, за антимикробната отпорност и за иновираната храна како предизвик на 21 век.

извор: МИА

Next Post

Бектеши: Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk