ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени

June 7, 2021 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури. Утре или најдоцна до среда ќе бидат објавени и наодите од анализите што ги прават надлежните институции, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Не криеме ништо, ќе објавиме се на транспарентен начин имајќи предвид дека утре одминува рокот за сите институции да ги достават информациите, истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

Смета дека доколку некоја компанија не ги исполнува очекувањата согласно Правилникот, има основ за одземање на лиценцата за работа. За ова, вели, надлежна е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците за работа на тие компании.

– Според моите информации, Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија и согласно нивните правилници, секако РКЕ ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците. Во случај кога одредени компании не ги исполниле очекувањата согласно правилникот, и во делот на залихите и во делот на квалитетот, секако тоа е основ за одземање на лиценца, рече Бектеши.

Додаде дека се вршат контроли не само во увозот на нафтени деривати, туку и во внатрешниот пазар при што веќе се направени контроли кај дел од складиштата на компаниите кои се занимаваат со продажба на мазут. Во однос на вратените цистерни од страна на Царината, Бектеши повтори дека во овој случај е утврден поголем процент на вода и прашина од дозволеното.

– Ако во Правилникот и согласно македонскиот станрад е предвидено еден процент, одредени цистерни имале над четири проценти вода. Но, не е проблемот само водата, имало надминување и на параметрите во однос на пепелот. За детали ќе причекаме утре или најдоцна во среда.  И во внатрешениот пазар се направени контроли кај дел од складиштата кои се заминаваат со продажба на мазут. И таму се надминати некои од параметрите, нагласи Бектеши.

Во однос на понесувањето одговорност, Бектеши истакна дека Министерството за економија има одговорност само во однос подзаконските акти, но не и во делот на спроведување и вршење контрола.

– Она што можам да го кажам е дека Правилникот во делот на квалитет на течните горива е целосно усогласен со барањата на Европската енергетска заедница. Во делот на спроведувањето и вршење контрола не е надлежно Министерството за економија. Има други надлежни институции кои директно одговараат пред Владата но ние како одговорно Министерство секојдневно вршиме состаноци со цел да дојдеме до наоди каде имало пропусти. Сите информации кои ќе дотавиме до надлежните институции. Министерството за економија не е јавно обвинителство, рече Бектеши.

извор: МИА

Next Post

Скандалозната изјава на градоначалникот Мерко за „депортирање“ на питачите, остро осудена од Хелсиншкиот комитет за човекови права

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk