ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петрушев: Потребна едукација за последиците од прекинувањето на „ладниот ланец“ на дистрибуција во обезбедување квалитетни млечни производи

June 7, 2021 14:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите не се почитуваат, некогаш од дистрибутерите, некогаш од крајните продавачи или потрошувачи. Токму затоа, важно е самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет. Доколку дојде до прекин на „ладниот ланец“, се скратува рокот на траење на кисело-млечните производи и доаѓа до промена на квалитативните карактеристики на производот.

Ова денеска го истакна Ѓорѓи Петрушев, претседател на Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија. Тој на прес-конференцијата посочи дека во млечната индустрија, обезбедувањето висок квалитет на производите почнува уште од преземањето на сировото млеко од фармите, преку дистрибуцијата, па сè до нивното правилно складирање и чување во директните продажни места.

Ова, како што рече, е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови.

Токму овој процес, појаснува Петрушев, се нарекува ладен ланец, а контролирана оптимална температура на целиот ланец е од 2 до 8 степен.

-Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите или на други продажни места не се почитуваат, некогаш од страна на дистрибутерите, некогаш од страна на крајните продавачи, но има ситуации кога не се почитувани ни од самите потрошувачи. Токму затоа, сметаме дека особено е важно и самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет. Доколку дојде до прекин на ладниот ланец, се скратува рокот на траење на кисело-млечните производи и доаѓа до промена на квалитативните карактеристики на производот – истакна Петрушев.

Како што посочи, унапредувањето на млечниот пазар во земјата не подразбира исклучиво инвестиции во агроиндустрискиот комплекс, туку и континуирана едукација на сите засегнати страни во комплексниот процес на млекопроизводството, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сѐ до крајните потрошувачи.

Тој воедно го изрази задоволството од објавената мерка бр. 4 од страна на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руруалниот развој, за набавка на висококвалитетни говеда, овци и кози, со што ќе се подобри генетскиот материјал на сточниот донд како и квалитетот на крајниот производ на пазарот.

-Целта на оваа кампања е едукација на крајните потрошувачи и продавачите по продажни места за значењето на „ладниот ланец“ и придобивките од почитувањето на истиот. Едукација на потрошувачите и продавачите е важна за одржувањето на квалитетот на производите се до конзумација. Потребна е и едукација за последиците од прекршувањето на ладниот ланец. Зголемување на задоволството на крајниот потрошувач на млечни производи. Зголемена конзумација на млечни производи по жител, и зголемена потрошувачка на млечни производи во продажниот ланец, рече тој.

Петрушев посочи дека преку Организацијата за заштита на потрошувачите треба да се работи на информирање на потрошувачите за нивната улога во процесот – од купување во маркетите до складирање во домашни услови.

Toj појасни дека соработката меѓу компаниите од Стопанската комора и надлежните институции, пред се ресорното министерство, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Асоцијацијата на потрошувачи на Македонија се одвива на највисоко ниво, во која меѓу другото се токму и повеќе вакви иницијативи и политики што ќе придонесат за развој на индустријата.

Инаку, како што додаде, во однос на состојбата со количините произведено сурово млеко и откупот на истото, се чини во моментот стабилна, но постојаното поскапување на сточната храна создава загриженост за вториот дел од годината, а особено за последниот квартал. Со тоа, како што рече, состојбите кон крајот на годината кои се вообичаено сложени, како што рече, може уште повеќе да се усложнат.

извор: МИА

Next Post

Зелената енергија во фокусот на земјава со Интервентниот план за инвестиции на Владата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk