ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Началникот на ГШ на Армијата Шурчиновски во Сараево на конференција на Форумот Б-9

June 8, 2021 18:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Интеграции, соработка и партнерство: Фактори на регионална и глобална стабилност и безбедност – перспективи, предизвици и одговор на COVID-19“ е главната тема на четиринаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9), која се одржува денес во Сараево, Босна и Херцеговина на која  учетвува и началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Како што соопштија од ГШ, на конференцијата се дискутирало и за годишните извештаи од постојаните работни групи за асиметрични закани, воено образование, обука и координации.

Генералот Ѓурчиновски за време на обраќањето во сесиите се осврнал на значењето на овој Форум, кој како еден од столбовите на заедничка воена соработка има значајна улога во регионалната безбедност. Зборувајќи за предизвиците од пандемијата со Ковид 19 со кои се соочивме во изминатиот период, ја истакнал важноста на продолжување и унапредување на меѓусебната соработка и поддршка.

Целта на конференцијата, попозната како Форум „Б-9“ е зајакнување на воената соработка на балканските држави преку изнаоѓање на начин на заедничко разрешување на безбедносните предизвици, ризици и закани во регионот. Повеќе од активностите на конференцијата се состојат во координирање на заедничка обука и едукација, односно преку активностите се достигнува потребното ниво на интероперабилност, што овозможува заеднички активности во различни ситуации. Ова првенствено е поврзано со реализација на воени вежби, како и со проценка на асиметрични закани на Балканот.

Форумот „Б-9“ е основан по иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „Terms of reference“ од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Следната, 2022 година, Република Северна Македонија предвидено е да биде домаќин на конференцијата, која се организира по ротирачка основа.

-Во рамки на конференцијата, генералот Ѓурчиновски оствари билатерални средби со дел од своите колеги учесници на конференцијата, на кои се разговарало за продлабочување на меѓусебните воени соработки, информираат од ГШ.

Генералот Ѓурчиновски, во текот на својот престој во Сараево ќе оствари официјална средба со началникот на здружениот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал Сенад Машовиќ, а ќе го посети и кампот Бутмир каде ќе има средба со командантот на мисијата ЕУФОР, генерал-мајор Александер Плацер.

Покрај началникот на здружениот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал Сенад Машовиќ, како домаќин, на Форумот „Б-9“ учествуваат и началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки: Република Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Турција и Црна Гора и како набљудувачи Хрватска и Словенија. Специјални гости на конференцијата се претседателот на Воениот комитет на НАТО, маршал Стјуарт Пич како и високи претставници од Воениот комитет на Европската унија, Командата на САД за Европа и Командата на здружените сили на НАТО во Неапол. На конференцијата воведно обраќање имал министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Сифет Поджич.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците расправаа по пакетот закони за заштита на животната средина и управување со отпад

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk