ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров-Шоле: Американска поддршка на португалското претседателство и напорите за почнување на пристапниот процес

June 9, 2021 19:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската поддршка на португалското претседателство и напорите за отпочнување на пристапниот процес ја нагласил Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот и посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со надлежност во однос на важни прашања од надворешната политика, попладнево во телефонски разговор со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, соговорниците се надоврзаа на точките кои беа разговарани во април годинава, односно статусот на европското досие на нашата држава, и актуелните можности за пробив на европскиот пат за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ.

Вицепремиерот Димитров во разговорот ја нагласил важноста на ова прашање во контекст на иднината на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот, што има силни геополитички импликации во однос на стабилноста и сигурноста на регионот и континентот.

–Пристапувањето на Западниот Балкан кон Европската Унија претставува инвестиција во стабилноста бидејќи европската визија за регионот подразбира демократија, владеење на правото, заемна соработка врз основа на почитување и заеднички вредности и интереси, наспроти истакнување на важноста на границите, поделбите и разликите како антипод на оваа идеја, нагласил Димитров.

Како што посочил Димитров, Северна Македонија ја потврди оваа визија и покажала лидерство за обезбедување регионална безбедност, мир и соработка, а во насока на реализирање на заедничката стратешка цел – пристапување во евро-атлантската заедница што покрај членство во НАТО треба да биде заокружена и со полноправно членство во ЕУ.

-Вицепремиерот Димитров упати благодарност за фокусот што претседателот Бајден го става на мирот и стабилноста во регионот, вметнувајќи го Договорот од Преспа во неговата агенда, со што се потврдува неговото меѓународно значење, стои во соопштението.

Од МНР појаснуваат дека од американска страна е потврдена поддршката за неодложно отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи неисполнувањето на ветувањето засновано на постигнатите резултати придонесува кон дестабилизација на состојбата во регионот.

Во таа насока, советникот Шоле во разговорот ја нагласил американската поддршка на португалското претседателство и напорите за отпочнување на пристапниот процес. Тој исто така се заблагодарил на врвната организација на неодамнешната НАТО вежба „Одлучен удар 21“, на армискиот полигон Криволак во комплексни услови, со оглед на пандемијата и изразил задоволство за сојузништвото меѓу двете земји.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се скратува полицискиот час во Грција, а од 1 јули целосно се укинува

НАЈНОВО

Промоција на две книги поезија од Тихомир Јанчовски

October 15, 2025
Фото: Националната опера и балет

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk