ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Прв пат има разочарување и кај најпроевропското население во С.Македонија

June 9, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, беше гостинка на Европскиот центар за политика преку видеоврска денеска каде зборуваше за геополитичките предизвици за Европската Унија и Западниот Балкан, и предупреди дека конфликтот со Бугарија ги обесхрабри и најпроевропски настроениот дел од македонското население, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што се приближува јунскиот Совет на ЕУ на кој Северна Македонија чека позитивна одлука за одржувањето на ветената прва меѓувладина конференција, за која ги исполни сите услови, министерката Шекеринска нагласи дека без „чувство на итност“ околу ЕУ интеграциите спорот со Бугарија може да се претвори во нов „замрзнат конфликт“, слично како и тој со Грција. Но и да биде еден од најтешките удари врз про-ЕУ расположението во земјата.

-Прв пат има силно разочарување кај најпроевропските сили во Северна Македонија, луѓето во Северна Македонија секогаш оделе по тенка линија помеѓу депресија и оптимизам, објасни Шекеринска, одговарајќи на прашање за бугарската блокада, спор кој, како што рече таа, стана покомплициран сега.

Шекеринска предупреди и дека доколку се одолговлекува решавањето на проблемот, сѐ потешко ќе биде да се промени статус-квото, како што покажа и спорот со Грција со децении.

Но, освен расположението на граѓаните, опасност има и за самиот Преспански договор.

-Тоа што се случува сега е најголем удар врз Преспанскиот договор откако е потпишан затоа што клучен елемент на Преспа беше дека неговата имплементација ќе ја следи интеграцијата во НАТО и ЕУ, рече министерката.

Конкретно, употребата на новото име и промените во официјалните документи се тесно поврзани со отворањето на поглавјата во преговорите со ЕУ, со што, предупреди министерката, ќе се даде оправдување да се одолговлекува реализацијата на промените предвидени со Преспанскиот договор.

За Шекеринска е јасно дека надминувањето на бугарската блокада во ЕУ е прашање пред сѐ на политичка волја, но во услови на техничка влада и претстојни избори, никој не може да гарантира дека во јуни ќе се крене ветото.

-Не можам да кажам со сигурност и искреност дека ќе има зелено светло за преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција во јуни, и не треба да ги ставаме сите јајца во иста кошница, не треба ни да ги креваме очекувањата на граѓаните. Ако има успех, добро, но тешко е да се очекува дека техничка влада може да делува, одговори министерската за одбрана на новинарско прашање. За неа притисокот треба да продолжи не само од надвор, туку пред сѐ од внатре.

Таа верува дека кога тогаш ќе се реши спорот, но до тогаш ситуацијата може да стане покомплицирана.

-Се плашам дека работите ќе станат потешки, ние ја испративме оваа порака пред две години како Франција, Данска и други имаа отпор кон проширувањето, пред сѐ кон Албанија, рековме дека шест месеци одлагање нема да ја промени нашата одлучност за домашните реформи, но дека нешто друго може да се појави како на пример нова динамика во Бугарија, и мислам дека некои колеги во ЕУ ја потценија оваа опасност, објасни Радмила Шекеринска.

Според нејзината анализа друг ризик од ова одлагање има и во кредибилитетот на Франција која највеќе инсистираше на новата преговарачка методологија за проширувањето.

-Новата методологија беше француски успех и тие имаат повеќе влог да ја одржат и развијат, ако никој не почне да преговара според новата методологија, тоа е пораз, истакна Шекеринска.

Конечно, за министерката за одбрана Европската Унија не е волшебно стапче кое ќе ги реши сите проблеми во земјата, туку поттик.

-Не ја гледам ЕУ како ветување за совршенство, ако ја студирате историјата, ниту еден ентитет, ниту една империја, ниту една република не се родила во совршенство, ниту завршила во совршенство, тоа е нешто што се подобрува, стагнира и некогаш завршува во криза, како се справуваме со кризата е она што ги дефинира шансите за успех, изјави министерката, одговарајќи на прашање дали кризите во ЕУ се една од причините за падот на оптимизмот кај граѓаните во Северна Македонија.

Таа порача дека кризата на доверба се наоѓа и кај самите граѓани на ЕУ и дека народот на Балканот гледа во шок на „комбинацијата на арогантност и криза на доверба во ЕУ“.

-Верувам дека клучно ЕУ да биде општество базирано на вредности, а тие вредности како владеењето на правото, слободата на изразување, кога ќе ги изгубите, видовме што се случува. Привлечноста на стабилократијата се покажа лажна, предупреди Шекеринска, додавајќи дека ако се анализираат земјите по почитување на основните начела на ЕУ, Северна Македонија се наоѓа “прилично високо“. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk