ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Борбата против тероризмот мора да биде сеопфатна, меѓусекторска и системска

June 10, 2021 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео порака се обрати на регионалниот форум „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“. Организатори на форумот се Управата за финансиско разузнавање при Министерството за финансии и Европски центар за непрофитно право и здружението Конект, а се одржува по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во земјава. 

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, оцени дека извештајот е многу важен за нас, како сет на добри практики препознаени на меѓународно ниво коишто претставуваат одлична шанса за размена на искуства и знаење. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека следната година Манивал ќе спроведе ригорозна проценка на целокупниот државен систем и неговата подготвеност да ги препознава ризиците за перењето пари.

-Овој Извештај за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации во нашата земја влева надеж дека со имплементација на препораките ќе го направиме системот посилен и поподготвен да се справува со заканата од тероризам и нелегалните извори за негово финансирање, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека на тој начин ќе ја зајакнеме довербата на граѓаните и на нашите европски партнери во капацитетот и интегритетот на надлежните домашни институции како клучни носители на концептот на добро владеење.

Пендаровски, како што се наведува, ја нагласи потребата од механизми за рано препознавање на финансирањето на тероризмот од страна на организациите што се кријат зад формалните имиња од невладиниот сектор. 

-Македонската јавност треба да биде соодветно информирана и едуцирана во врска со дејствувањето на непрофитните организации, кои пак, треба и самите да ги зајакнат сопствените капацитети за препознавање на ризиците кои произлегуваат од перењето пари и финансирањето тероризам, додаде претседателот Пендаровски.

Според претседателот Пендаровски, борбата против тероризмот мора да биде сеопфатна, меѓусекторска и системска. – Мора да ги јакнеме нашите сегашни капацитети и да ја градиме отпорноста на нашите безбедносни, но, и финансиски системи кон потенцијалните терористички напади“, подвлече претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека тоа е наша обврска, не само како земја-членка на НАТО алијансата и како кандидат за членство во Европската Унија, туку како наш државен приоритет, рече Пендаровски. 

извор: МИА

Next Post

Комитетот на министрите на Советот на Европа бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk