ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште

June 11, 2021 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите што би биле како дел од евентуалната продажба на земјоделското земјиште.

– Во врска со предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште точно е дека е завршена фазата на разгледување во ЕНЕР. Работната група што го изготвува законот веќе ги прибираше сите забелешки што се ставени на ЕНЕР и започна комуникација и со засегнатите страни. Освен јас, што започнав кампања за посета на земјоделците за да им се објасни делот на законот и да ја видиме нивната подготвеност, исто така од работната група почнаа да комуницираат со засегнатите страни, рече Хоџа одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и со директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Тој информира дека вчера е остварена комуникација со Федерација на фармери, што, како што посочи, првично биле против, а сега по разгледувањата на предлозите што ги предвидуваше и делот на ЕНЕР, но и оние во писмото што го испратиле до Министерството, зеле предвид некои решенија.

– Останува да се организираат уште најмалку две или три јавни дебати каде што ќе бидат присутни по региони и засегнатите страни и самите земјоделци и после тоа кога ќе имаме крајно решение, односно пречистен текст со сите забелешки и сите аргументирани предлози тогаш ќе се продолжи процедурата за доставување до Собрание и за понатамошно собраниска процедура, истакна Хоџа.

Директорот на СБ во земјава, Паолучи, на новинарско прашање да даде оценка за владиниот предлог за продажба на државно земјоделско земјиште, изјави дека не е информиран за предлогот и не може да даде коментар.

– Меѓутоа има многу примери во светот каде што се преземени слични иницијативи. Би рекол дека рецептот тука е да се комбинира јавниот интерес со моделот на раст на земјата. Решението тука би требало соодветно да ги искомбинира овие два елементи и да одговара на потребите на луѓето во Македонија. Како што реков, имаме неколку примери коишто сме ги виделе ширум светот како и во европскиот регион, така и пошироко и имаме неколку извлечени поуки. Уверен сум дека властите во Македонија ги проучуваат и ги разгледуваат овие извлечени поуки за да го спроведат сето ова во согласност со најдобрите меѓународни практики, оцени Паолучи.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Очекувам наредната недела да имаме финален текст на Изборниот законик со препораките од ОБСЕ/ОДИХР

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk