ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски : Инвестиции во снабдувањето со струја и парно греење во Скопје

June 11, 2021 12:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружницата „Енергетика” во Гази Баба ги претстави проектите во кои ќе инвестиарат во наредниот период и најави проширување на топловодниот систем, модернизација на подружницата, изградба на гасна електрана и поставување покривни фотонапонски електрани.

Со тековниот проект таму се работи на проширување на топловодниот систем кој треба да овозможи нови приклучоци за парно греење во населбите Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Хиподром.

– Станува збори за нови приклучоци за 350 домаќинства во Автокоманда, зајакнување на мрежата, заштеди за домаќинствата и можности за нови приклучоци во Железара, како и приклучување на греење на три нови згради во Гази Баба. Вкупната проценета вредност на инвестицијата изнесува 260.162 евра, изјави Ковачевски.

Паралелно со ова, како што дополни тој, тече и проектот за модернизација на самата подружница, нејзината технологија и системи за работа.

Зафатот, појасни Ковачевски, подразбира реконструкција на трафостаниците Север и Југ и реконструкција и модернизација на електродистрибутивниот систем и имплементација на „smart grid“ управување, што ќе чини околу 23 милиони евра. КфВ банката одобри грант за изработка на фисибилити студија, по што ќе се пристапи кон следните фази на постапката согласно процедурите на банката. Понатаму, во рамките на Енергетика е планирана нова гасна електрана со моќност од 50 до 200 мегавати. Вкупна проценета вредност на инвестицијата изнесува од 35.000.000 до 140.000.000 евра, зависно од инсталираната моќност, рече Ковачевски.

Тој додаде дека новата електрана треба да го надополни недостатокот на електрична енергија во зимскиот период и да обезбеди производство на енергија и топлина од природен гас, со што ќе остварува заштеда на енергија преку енергетски ефикасна комбинирана когенеративна електрана и ќе се постигне намалување на вкупните емисии на јаглерод диоксид, сулфур диоксид, NOx и тврди честички во вкупниот процес на производство на АД ЕСМ.

– Во Енергетика ќе продолжиме со зголемување на производството на чиста енергија и со поставување покривни фотонапонски електрани на самите објекти и постројки во подружницата, конкретно на управната зграда и на трафостаницата Југ. Вкупната вредност на инвестицијата за кровна фотоволтаична електрана изнесува 75.000 евра. Дел од овие проекти ни се веќе започнати во изминатите две години со кредитирање преку меѓународни финансиски институции, а дел се дел од Интервентниот план за инвестиции објавен од Владата и од премиерот Заев. И во иднина интенцијата на Владата и на АД ЕСМ е силно да се посветиме на зеленото сценарио во енергетиката, затоа што здравјето на луѓето ни е најважно, изјави Ковачевски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Доделени сертификати на 14 младински работници

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk