ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележување 35 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет

June 11, 2021 09:06
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК) денеска преку платформата Зум ќе се одржи свечено одбележување  35 години од изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет.

Настанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, по што свои обраќања ќе имаат и ректорот на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Махмут Ак и генералниот конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, д-р Актан Аго. Осврнувајќи се на овој голем и исклучително значаен јубилеј којшто се случува во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, пред учесниците на настанот ќе се обратат и деканот на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Хајати Девели и деканката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ, проф. д-р Анета Дучевска.

Во вториот дел од настанот свои излагања ќе имаат директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на тема: „Конески – мостот меѓу двата универзитета, меѓу Скопје и Истанбул, меѓу двете земји и двата народа“ и раководителот на Катедрата за словенски јазици и литература, во чии рамки е Катедрата за македонски јазик и книжевност на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Емине Инанир, на тема: „35 години изучување на македонскиот јазик во Истанбул во светлина на 100 години од раѓањето на Блаже Конески“.

Со свои излагања за работата на Лекторатот по македонски јазик во Истанбул, настанот ќе го збогатат: раководителот на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Факултетот за литература при Истанбулскиот универзитет,  проф. д-р Ѓонул Узелли, некогашниот лектор по македонски јазик на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Гордана Алексова и сегашниот лектор, м-р Марина Цветаноска.

На настан ќе учествуваат студентите коишто го изучуваат македонскиот јазик на Истанбулскиот универзитет, Ајтен Атмаџа, којашто ќе настапи со песната „Убавите жени“ и Сила Екин со песната „Пеперуга“ од Блаже Конески.

– Овој значаен јубилеј – 35 години македонистика на Истанбулскиот универзитет, којшто се одбележува во годината кога се чествува стогодишнината од раѓањето на Конески е уште еден показател на одличната соработка меѓу УКИМ и Истанбулскиот универзитет, како и на мостот меѓу двете земји и култури, што и обврзува и понатаму да се создаваат и поддржуваат нови генерации проучувачи на македонскиот, но и на турскиот јазик, литература и култура во двете земји, наведува организаторот на настанот.

Одбележувањето на јубилејот следува по Зимската школа организирана од МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот од оваа година, од која произлезе зборникот „Конески на 11 јазици“ промовиран минатата недела, како и по одбележувањето 45 години на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“. Со одбележувањето 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет, УКИМ продолжува со низата активности за достоинственото чествување на ликот и делото на Блаже Конески.

Овој настан е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука. /МИА/.

Next Post

Д-р Беќаровски: Во моментов доминира стомачен вирус, ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk