ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на средба со претставници на Фондот за иновации, стартап-заедницата, иноваторите и научниците

June 11, 2021 18:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа средба со претставници  на Фондот за иновации и технолошки развој, стартап заедницата и иноватори, МАСИТ и научните институции кои работат на полето на иновацијата и технолошкиот развој.

Како што соопшти МНР, состанокот е продолжение на активните граѓански консултации на министерот Османи со заинтересираната и експертската јавност во рамки на првите два столба на Проектот РЕФЛЕКСИЈА 2030 што треба да резултира со изработка на Стратегија за надворешна политика.  На состанокот беа разменети мислења во насока на градење на поробусна и подинамична стартап/иновациска заедница и  промоција на нејзиниот потенцијал во пошироки меѓународни рамки.

Денес ја имаме честа МНР за првпат да биде домаќин на претставници на стартап заедницата и фелата која работи на иновации, истражувања и технолошки развој. Би сакале денешниот настан да послужи како појдовна точка за подлабинска анализа како да го искористиме националниот иновациски потенцијал како продолжена рака во креирањето на позитивна надворешна перцепција за Република Северна Македонија; и дополнителен адут на нашата економска дипломатија, подвлече Османи.

Тој, истакна, се посочува, дека денешната тематска дискусија треба да биде извор на инспирација за натамошна диверзификација и иновирање на традиционалните дипломатски теми.

–Со Проектот “Рефлексија 2030” целиме кон стратешка артикулација на разните приоритетни области и притоа инкорпорирање на разни прогресивни процеси и потфати кои ќе ни помогнат будно да го следиме (и бидеме во чекор) со духот на времето, да се потпреме на добрите традиции и пракса, но секако, со поглед свртен кон иднината. Во оваа смисла, размислувањата на иновациската заедница имаат критично значење, нагласи Османи.

Учесниците во дискусијата, се наведува, ја поздравија иницијативата за вклучување на стартап/иновациската заедница во Стратегијата за надворешна политика и изразија подготвеност за споделување на нивната експертиза со цел дефинирање на стратешките цели на државата во оваа област и нивна адаптација на модерните светски текови.

Притоа, беа разменети мислења за улогата на МНР во зајакнување на постојната и обезбедување на нова меѓународна сцена за продуктите на иновацијата, анализа на странските пазари и поддршка на стартапите во реализација на нивната агенда, партнерско вмрежување на иновативните компании, поттикнување на позитивна клима меѓу заедниците во дијаспората за инвестирање во македонските стартапи и позиционирање и промоција на Република Северна Македонија како регионален “стартап хаб”, стои во соопштението од МНР. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев–Брнз: Извршната наредба на претседателот Бајден ги штити САД, Северна Македонија и сојузниците

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk