ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, за да се посветат на планови за развој

June 11, 2021 20:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

-Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Влада обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи, изјави Заев,

Тој истакна дека СДСМ ја има честа и одговорноста четири години да ја предводи централната власт, но и локалните администрации во 56 општини и градот Скопје.

-Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух, истакна Заев.

Тој посочи дека оваа година се имплементира проектот за изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од 450 километри. Дополнително, нагласи, со 70 милиони евра, средства од Светска Банка, секоја на располагање има до 2 милиони евра, а 35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром.

-Со оваа наша одлука се финансираат 99 проекти во 75 општини, проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општинит, рече Заев.

Во однос на главниот град, тој истакна дека Скопје цела деценија, над 10 години, беше меѓу најзагадените градови, а денес загаденоста е драстичнo намалена и вели, загадувањето речиси и да не беше тема оваа есен и оваа зима.

-Секогаш кога ќе се преземат мерки има резултати. Тоа секако не е доволно, и Градот, институциите ќе продолжат во оваа насока, порача Заев и подвлече дека поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух.

Тој нагласи дека државата стои зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, кој е капитален проект за градот, а најави и уште неколку проекти и планови за подобрување на градот.

-Преку Интервентниот план на инвестиции финансираме изградбата на пречистителна станица за отпадни води тука во Скопје, инвестиција од 136 милиони евра, 120 милиони денари или два милиони евра одвивме за реконструкција на Универзална сала, култниот објект за Скопје за скопјани но и за сите граѓани на нашата држава. Од централниот буџет ја финансираме и изградбата на нов мост и клучка во Момин поток во вредност од шест милиони евра, рече Заев.

Овие проекти, истакна тој, чинат 150 милиони евра, а значат подобрување на животот на скопјани, решавање на дел од нивните потреби.

-Замислете само колку вакви проекти ќе се реализираа ако не се фрлеа над 600 милиони евра за фасади, за споменици, за палми, галии и лажен барок колку што потроши режимот на само два квадратни километри. И истите тие, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска зборуваат за Скопје? 11 години ги малтретираа скопјани, го менуваа ликот на зградите, ликот на градот без никави најави и консултации. Ете ги сега истите пак ги малтретираат скопјани и луѓето кои работат овде преку неразумни блокади на сообраќајници. Зошто? За да ги исполнуваат хировите на Мицкоски да му го држат стравот од успехот на државата, рече премиерот и лидер на СДСМ Заев.

На трибината се најавени како говорници и заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ, и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025
Фото: Сектор филм

Започна снимањето на филмот „Потстанар“ во режија на Марко Ѓоковиќ

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk