ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Инвестираме во патната мрежа за да создадеме подобри услови за живот на граѓаните

June 12, 2021 14:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски денеска извршија увид на реконструкција на патниот правец до село Двориште  кој се реализира преку проектот за „Поврзување на општините со локални патишта“.

Проектите за развој на модерна инфраструктура во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци оваа година како што истакна министерот Бочварски ќе продолжат со посилен интензитет, со примарен фокус на како што рече регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

– Инвестициите во патната мрежа се неопходни за да создадеме подобри услови за живот на граѓаните. Проектот за поврзување на локалните патишта го овозможува токму ова, развој на локалната патна мрежа и подобрување на урбаното живеење на граѓаните. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да истакнам дека денеска со градоначалникот го потпишавме договорот за имплементација за реконструкција на локалниот пат до селото Двориште со должина од 3300 метри. Вкупната вредност за реконструкција на овој пат изнесува над 400 илјади евра и очекуваме работите да бидат завршену пред крајниот рок за изведба односно во текот на оваа календарска година, рече Бочварски.

Тој потенцираше дека реконструкцијата на овој пат е по барање на жителите и на Општината, и очекува со негова санација да се обезбди поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места.

– Кога сме кај селото Двориште би сакал да посочам дека пред 10 дена завршивме со изградбата на цевководот за вода за пиење за ова населено место, исто така за овој проект работевме преку Министерството за транспорт и врски и Општина Берово. Гледаме особен интерес на отворање на граничниот премин Клепало кој ќе придонесе за дополнителен развој на турзимот и локалната економија. Делницата Берово – Клепало од наша страна е целосно реконструирана, додаде Бочварски.

Во насока на подобрувањето на условите за развој на туризмот министерот го напомена и проектот за реконструкција на водоводната мрежа во туристичката населба Беровско Езеро.

– Со проектот се предвидува изградба на цевковод во должина од два километри како и изградба на секундарна  мрежа во должина од преку еден километар за водоснабдување на туристичката населба. Проектот кој е со вредност од три милиони денари го работиме во соработка со општината и според договорот е 12 месеци. Развојот на туризмот е гранка која Владата континуирано ја поддржува и во таа насока со општината заеднички работиме на проекто кои се од особено значење за развој на туризмот и локалната економија, додаде министерот за транспорт и врски.

Владата и Министерството, како што нагласи Бочварски, ќе продолжи да работи на огромен број на капитални проекти во државата според план со кој за реконструкција на патишта и железници се обезбедени 2,7 милијарди евра, инвестиции кои според министерот се мошне значајни во време на ковид-кризата.

Со оваа инвестиција како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски се решава горлив комунален проблем на жителите од село Двориште кој единствено е можноа да се реализира птеку проектите ,,Македонија без кал” со шѕо на тој начин ќе се подобрат условите за живот за жителите на село Двориште./МИА/.

Next Post

Едно починато лице и 21 нов случај на ковид-19

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk