„Со Преспанскиот договор недвосмислено е правото на користење на кодовите МКД и МК. Името на земајта е Северна Македонија, но со Договорот наше е правото да ги користиме тие кодови. Ние целосно сме се обврзале и стоиме на доследно спроведување на договорот“ рече министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, коментирајќи ги реакциите од Грција за користењето на кратенката МКД на Европското првенство во фудбал.
„Ние на тоа инсистиравме во текот на преговорите, да ги користиме кратенките МКД и МК за да имаме можност да останеме препознатливи. Не би ги толкувал овие коментари, наша обврска е да се држиме до договорот. Се додека го почитуваме ние сме на сигурна страна и така треба да остане“ рече Маричиќ. Тој додаде дека во овие моменти е потребна помалку политика, а повеќе спорт и дека Владата, државата и федерацијата нема да прават намерни провокации во политички контекст. „Во однос на името на ФФМ, таму е јасно прашањето. ФФМ е регистрирана според Законот за здрженија и федерации, не е јавен орган или институција формирана со посебен закон или финансирана од државата и ние не можеме да им го наметнеме името. Прашање на ФФМ е како ќе постапи по тој случај“ рече Маричиќ во врска со барањата ФФМ да го прилагоди името со Договорот од Преспа и уставното име на земјата.