Во таа смисла министерот, Османи го поздрави холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Република Северна Македонија.
Кааг ги поздрави остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и во тој контекст, министерот Османи се заблагодари за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.
Во продолжение, двајцата министри разменија мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.