ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Пандемијата ја стави на тест социјалната реформа, а таа се покажа како мошне ефикасна

June 14, 2021 22:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Социјалната реформа донесена во 2019 година беше ставена на тест во време на пандемијата и се покажа дека е мошне ефикасна за полесно пребродување на кризата. Социјалната помош беше зголемена за 300 проценти, олеснет беше пристапот до образовен додаток, а се воведе и државната социјална пензија. Пандемијата не научи дека системот мора да функционира“ кажа Јована Тренчевска членка на Извршниот одбор на СДСМ на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Прилеп. „Од 1 октоврми Недела ќе биде неработен ден, ден за одмор, за сите работници, освен за работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат. Овие работници за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната. Дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена“ повтори Тренчевска. Таа додаде дека исправена е и децениската неправда кон стечајните работници, па денес 12 илјади лица добиваат месечен надомест од 8 илјади денари до нивното пензионирање. Членката на ИО на СДСМ додаде и дека се планира нов Закон кој ќе опфати дополнители лица од оваа категорија граѓани. „Една од најмудрите работи кои земјата треба да ги направи за да обезбеди еднаквост и долгорочен просперитет за сите граѓани е да инвестира во раното детско образование. Затоа за само 9 месеци отворивме 12 градинки во кои се згрижени околу 700 деца. До крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки, кои ќе го зголемат капацитетот на деца за 1.400 места“ кажа Тренчевска. Таа додаде дека Владата се грижи и за највозрасната категорија на граѓани преку редовно и предвремено исплаќање на пензиите, како и помош за тие пензионери со најниски пензии со четвртиот пакет мерки за справување со пандемијата. „Околу 324.000 пензионери денеска добиваат повисоки пензии. Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4% и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15% и просечната 5%“ потенцираше Тренчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk