ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателот на Собранието Џафери се сретна со новата српска амбасадорка Јовановиќ

June 15, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска имаше средба со новоименуваната амбасадорка на Република Србија во нашата земја Невена Јовановиќ.

Како што соопшти собраниската прес-служба, посакувајќи и успешен амбасадорски мандат и пријатен престој во нашата држава, Џафери ја запозна амбасадорката со тековните активности на Собранието, активностите на планот на интеграцијата на земјата, очекувањата од Советот на ЕУ за отворање на преговори и можностите за конструктивна и конкретна регионална соработка. Тој ја потенцираше важноста од меѓусебната билатерална соработка и продолжување на истата на највисоко ниво, како и на ниво на пратеничките групи за соработка, штом тоа го дозволат здравствените услови.

Џафери се заблагодарил на хуманиот гест на солидарност на Република Србија во процесот на имунизацијата против Ковид-19 на нашите граѓани, на што и ние возвративме со соодветен гест односно, ослободување од плаќање патарина во летниот период за српските туристи кои транзитираат низ земјава.

Осврнувајќи се на значењето на стабилен и мирен регион на Западен Балкан, претседателот на Собранието истакнал дека Република Северна Македонија ќе го поддржи секое заемно прифатливо решение во дијалогот Белград – Приштина, во насока на задржување на позитивната добрососедска политика и градење силен и просперитетен регион, целосно интегриран во ЕУ.

Амбасадорката Јовановиќ ја пренела поддршката на највисокото српско државно раководство на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, при што подвлече дека, секое одлагање на почетокот на преговори и непотребното вмешување на билатералните спорови, само го намалува кредибилитетот на Унијата, го менува јавното мислење и ја намалува широката граѓанска поддршка. Јовановиќ истакнала дека особено ја радува богатата меѓупарламентарна соработка која и понатаму искрено ќе ја поддржува и продлабочува, а ќе работи и на планот на јакнење на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и проширувањето на меѓуграничната соработка.

извор: МИА
Next Post

Дебата на НКЕУ-МК: Младите најранлива категорија за остварување работнички права, да се искорени дискриминацијата при нивно вработување

НАЈНОВО

Фото: МИА

Милевски: Нашите фудбалери се феномени

November 6, 2025
Фото: „Стоби 2025“

Претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмскиот театар Скопје прогласена за најдобра на Фестивалот Стоби 2025

November 6, 2025

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за „Онкологија 2“

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk