ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бачовски: На располагање нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

June 16, 2021 15:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 9 јули отворен е новиот повик за развој на рибарството и аквакултурата во земјава. Право на аплицирање имаат сите кои во период од 1 февруари до 31 мај годинава набавиле материјал за порибување и субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот.

Како што рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски кој го посети рибникот „ДООЕЛ Рила“ од селото Лаки, во близина на Виница, на повикот може да аплицираат и сите што набавиле подмалдок, а се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ. Подмладокот кои го имаат треба да е купен од субјекти со дозвола за производство на порибителен материјал, од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2020 – декември 2021 година.

-Максималната вредност на прифатени трошоци за порибителен материјал е 40 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок. Финансиската поддршка за порибителен материјал се исплаќа скалесто и тоа: за купен сопствен подмладок до 2.500 килограми – 100 отсто од вредноста на утврдената цена на подмладокот. За купен сопствен подмладок од 2.500 до 5.000 килограми поддршката изнесува 75 отсто од вредноста на утвредната цена на подмладокот, додека 25 проценти финансиска поддршка, ќе добијат сите кои имаат сопствен или купен подмладок над 7.500 килограми, рече Бачовски.

Преку овој повик, додаде директорот, поддршка можат да добијат и сите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура а во период од 1 ноември 2020 до март 2021 година направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите додека биле во природен мрест.

-Како прифатливи трошоци согласно програмата се сметаат: рибочувари, набавено гориво за пловни објекти во сопственост на концесионерот или даден на користење на концесионерот, изнајмување на пловни објекти од трети лица. Поддршката од потточка 1.6 зависи од условите на теренот и големината на риболовната вода. Поддршка до 30.000 денари може да добијат сите кои имаат направено заштита на риболовните ревири и рекреативни зони, до 150.000 денари поддршка ги следува сите кои направиле заштита на риболовни зони, до 400.000 денари ги следуваат сите кои имаат заштита на риболовните подрачја, истакна Бачовски.

Барањата и целокупната документација може да се најдат на веб страницата на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk, а документите се доставуваат во оригален примерок. Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен поштенски плик кој на предната страна во горниот лев агол треба да има ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2021 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето.

Барањето може да се достави и по пошта наадреса на Платежната агенција.

-Доколку се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства согласно Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2021 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите. Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 јули 2021 година. Со помош на Програмата за рибарство и аквакултура, директно влијаеме врз домашното производство на риби и обезбедување на свежа риба за потребите на домашниот пазар, потенцира директорот Бачовски.

Тој информираше дека на минатиот оглас, рибникот „Дооел Рила“ доби грант од 370.000 денари за порибување со 1.600 килограми виножитна пастрамка.

извор: МИА
Next Post

Поповолни очекувања за производство во преработувачката индустрија

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk