ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв ПАЗАР.орг – да купуваме здрави, локални производи, а не увезени кои „патуваат“ илјадници километри

June 17, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Последниве десет години се дадени една милијарда евра субвенции во земјоделството, а производители има се помалку. Потрошувачите, пак, наместо да купуваат домашни, локални производи со висок квалитет, повеќе се насочени кон странските производи. Увезуваме храна од 1.000, 5.000, 10.000 километри далечина, иако неколку километри од нас се произведува висококвалитетна храна, беше речено на денешната прес-конференција по повод првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што ќе се одржува следните три саботи во „Јавна соба“.

Како што најавија организаторите, „Јавна соба“, првата задруга на потрошувачи на органска храна „Добра земја“ и е-продавницата „Бакалница.нет“, станува збор за урбано шопинг доживување кое ќе понуди свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, но и органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, а целта е да се подигне свеста кај граѓаните дека органската храна е поздрава, да се разбие стигмата дека е недостапна и скапа, како и да се поддржат домашните, локални производители.

Посетителите на Пазарот ќе имаат можност, не само да купат, туку и да дегустираат храна, како и органско вино од мали семејни винарии за кои никогаш не слушнале. Се тоа ќе биде зачинето со добра музика и мини игротека за деца.

Идејата ни е промоција на производителите. Имаме и просветителска улога во целава приказна зашто треба потрошувачите да ги навикнеме на производи кои се произведени локално и кои се со висок квалитет. Индустриското производство е надминато. Се враќаме на вкусовите на нашите баби и дедовци, но со нови технологии, знаења и квалитет. Со Законот за малите произведувачи на храна се направија правилниците и од 2020 година веќе некои од малите производители добија сертификати. Речиси ниту еден производ нема бар код, се работи за мали, автентични серии на производство, но секој производ вреди повеќе од парите со кои се плаќа зашто во него се внесени традицијата и љубовта на производителот, изјави Владимир Куновски од е-продавницата „Бакалница.нет“ на мали, семејни производители, направени по традиционални рецепти, кои не можат да се купат во маркети.

Според модераторката на настанот, Ана Јовковска, ПАЗАР.орг има многу поголем и поширок концепт, а тоа е пред се пријателство со природата и поддршка на локалното, домашно органско производство.

Ова се денови кои ги посветуваме на зелените еколошки идеи. Организаторите имаат иновативна иницијатива која поддржува грижа за здравјето на луѓето, зачувување на биодиверзитетот, грижа за природата, борба со хемиски тертираната храна, поддршка на локалното органско производство, а ќе има и донации за социјално загрозени лица – се што влегува во еколошките зелени идеи и одржливиот развој. Ова се работи кои во земјава се ууште ги туркаме со рака. Време е да стануваме се поеколошки свесни, за тоа што значи здрава органска храна и живеење во симбиоза со природата, истакна Јовковска.

Пазарот за органски производи ќе биде отворен во сабота, 19 јуни, во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба“, а ќе продолжи и следните две саботи, на 26 јуни и 3 јули. Според организаторите, редно е децата, посебно оние од Скопје, да пробаат непрскано јаболко или домат или барем да видат каков е нивниот изглед и по што се разликуваат од индустриските.

извор: МИА
Next Post

На еден месец пред Олимпијадата се укинува вонредната состојба во Токио

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk