ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Крајно време е ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија

June 18, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крајно време е Европската Унија да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров кој на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер денеска во Виена учествуваше на Самитот за Западен Балкан, на ниво на министри за европски прашања како надополнување на пленарната сесија на шефовите на влади организирана од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Според Димитров, новата методологија за пристапни преговори може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност – и на земјите кандидати и на ЕУ, 

-Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни, истакна вицепремиерот.

Тематскиот панел, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, бил фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутирало за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот.

Димитров рече и дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е признание од страна на ЕУ дека треба да стори повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација, како подадена рака за фундаментални реформи, брза имплементација и регионална економска интеграција.

Партнерството за соочување со глобалните предизвици, според него, е важно и за подобрување на стратешката комуникација, но сѐ се заснова на тоа колку граѓаните може да веруваат на зборовите на Брисел и главните градови на ЕУ.

-Учеството на граѓаните од регионот во Конференцијата за иднината на Европа ќе претставува повеќе од политички сигнал, а особено важно е вклучувањето на младите генерации кои и во буквална смисла на зборот се иднината на Европа, нагласил вицепремиерот Димитров, додавајќи дека ЕУ нема што да изгуби, но има многу што да добие со вклучување на сите граѓани од европскиот континент во оваа пан-европска платформа за демократијата и иднината. 

извор: МИА

Next Post

Заев од Самитот за Западен Балкан во Виена: Да ја направиме 2021-ва, година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ

НАЈНОВО

МИА

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75

November 12, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје, од независноста досега Банката инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори

November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ почнува на 19 ноември во Идризово

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата во тишина, европските фондови во блокада – ИПАРД 3 заглавен, земјоделците казнети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалување на буџетот: За ретките болести се планираат 17,5 милиони евра, а потребни се повеќе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk