ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лани за четири отсто повеќе присилно раселени лица од 2019, нерешените барања за азил се на исто ниво

June 18, 2021 09:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За четири отсто повеќе луѓе се присилно раселени во светот минатата година, во однос на 2019 година. Денес еден процент од човештвото е раселен и има двојно повеќе присилно раселени лица отколку во 2011 година, кога вкупниот број бил нешто под 40 милиони, покажуваат податоците од извештајот на УНХЦР – „Глобални трендови во 2020“.

Според извештајот, во 2020 година вкупно 82,4 милиони луѓе се присилно раселени во светот, за разлика од 2019 кога се реселиле околу 79,5 милиони.

Вкупно 26,4 милиони се бегалци, во споредба со 2019 кога бројката на бегалците беше 26,0 милиони. 

Извештајот покажува дека 20,7 милиони бегалци се под мандатот на УНХЦР,  5,7 милиони палестински бегалци се под мандатот на УНРВА, а 48,0 милиони се внатрешно раселени лица. Дури 4,1 милиони се баратели на азил, а 3,9 милиони Венецуелци се раселени надвор од сопствената држава.

Споредбено, во 2019 година имало 20,4 милиони бегалци под мандатот на УНХЦР, а 5,6 милиони палестински бегалци под мандатот на УНРВА. Имало дури 45,7 милиони внатрешно раселени лица, а 4,1 милиони баратели на азил. Во 2019 година имало 3,6 милиони Венецуелци раселени надвор од сопствената држава.

– Всушност 2020 е деветтата година на непрекинат раст во присилното раселување во светот. Денеска, еден процент од човештвото е раселен и има двојно повеќе присилно раселени лица отколку во 2011 година кога вкупниот број беше нешто под 40 милиони, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Од УНХЦР информираат дека повеќе од две третини од сите луѓе кои избегале надвор од границите на својата држава доаѓаат само од пет држави: Сирија – 6,7 милиони, Венецуела – 4,0 милиони, Авганистан – 2,6 милиони, Јужен Судан – 2,2 милиони и Мјанмар – 1,1 милион.

Најголемиот број бегалци во светот – речиси девет од десет бегалци – 86 проценти – се згрижени во држави кои се соседи на кризни области и држави со низок и среден приход.

Најнискоразвиени држави обезбедиле азил на 27 проценти од вкупниот број.

– Седма година по ред, Турција е домаќин на најголемата бегалска популација во светот – 3,7 милиони бегалци, а по неа се Колумбија со 1,7 милиони, вклучувајќи Венецуелци раселени надвор од државата, Пакистан со 1,4 милиони, Уганда со 1,4 милиони и во Германија 1,2 милиони.

Нерешените барања за азил во светот останаа на нивото како во 2019 – 4,1 милион. Но во извештајот се посочува дека државите и УНХЦР колективно регистрирале околу 1,3 милиони поединечни барања за азил. Тоа е еден милион помалку од 2019, односно 43 отсто помалку барања. 

извор: МИА

Next Post

Премиерот Заев на Самит за Западен Балкан во Виена

НАЈНОВО

Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk