Случајноста донесе, истиот ден кога требаше да разговараме за тоа што не се случи во Брисел, да бидеме тука на еден важен економски форум. Јас верувам дека ова е можност да се каже, што и да се случи или нема да се случи во Брисел, ние сме многу одлучни да продолжиме со сите сили да ја растеме економијата, да ја зголемиме благосостојбата, да ја зголемиме гордоста и силата на достоинството на нашите народи.
Европската унија може да одреди задачи за интеграцијата, може да одреди рокови за овие задачи, може да одреди датуми. Но, ЕУ не може да ја одреди ниту нашата местоположба среде Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, во европски држави, со политички, институционални, економски европски стандарди. Албанија го направи својот избор уште во времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди повторно својот избор уште од ерата на националната преродба. За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа.
За мене, всушност, во овaа точка имаме една непроблематична разлика со Зоран, бидејќи, за мене не се случи ништо друго, освен тоа што ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на аганжманот и да биде на вистинскиот став. Животот продолжува и напредокот ќе продолжи со сите сили, затоа што тој не е наметнат однадвор, туку е наметнат од нас внатре. Регионалната соработка ќе продолжи со сите сили и со сите држави од Западен Балкан кои се подготвени да се туркаат напред безрезервно, затоа што овој регион е опкружен со границите на ЕУ и, ако ние не можеме да го смениме начинот на кој функционира ЕУ во однос кон нас, ние може, треба следствено да го менуваме начинот на нашето функционирање едни кон други.
И, топењето на границите меѓу нас е за да го претвори нашиот регион во простор на целосна имплементација на четирите слободи на ЕУ: слобода на движење на луѓе, слобода на движење на стоки, слобода на движење на услуги и капитал. Тоа ќе продолжи без да сопре, бидејќи ние сме премногу мали да имаме силни економии останувајќи одвоени едни од други, а инаку, ние сме доволно големи ако едни со други го претвориме регионот во еден заеднички економски простор.
Д. Е.