ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи преку кредитната поддршка за економијата

June 24, 2021 12:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар. Запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немаше – кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6 отсто. Впрочем, минатата година, растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната банка. Се забележува поголема ориентација за кредитирање на населението, но позитивни се и кредитните текови за корпоративниот сектор.

Ова, како што соопшти денеска Народната банка, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Првиот економски форум во Скопје, кој го организираат Економскиот форум од Делфи, Грција и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании. Таа учествуваше на панел-дискусијата за постпандемиското закрепнување на нашата економија.

Гувернерката посочи дека ова е прва криза во која Народната банка од самиот почеток спроведува олабавена монетарна политика со цел одржување на поволни финансиски услови, за разлика од претходни кризни епизоди кога основната каматна стапка прво се зголемуваше, што доведе до затегнување на кредитните услови. Од самиот почеток на пандемијата, Народната банка ја намалуваше каматната стапка во повеќе наврати, а презеде и други монетарни мерки кои доведоа до намалување на каматните стапки на кредитите и солиден раст на кредитната поддршка на граѓаните и компаниите.

 На панел-дискусијата, гувернерката се осврна и на прашањето за очекувањата за економски раст за оваа година и на среден рок, при што посочи и на важноста на случувањата во глобалната, а особено во европската економија. Истовремено, напомена дека во досегашните проекции и оцени на Народната банка, вклучително и во однос на процената на потенцијалот на економијата за раст, не се земени предвид претпоставки за поинтензивно спроведување на структурните реформи, а тие се клучни за зголемување на потенцијалот на економијата, и за чиешто натамошно спроведување е потребна посветеност.

извор: МИА
Next Post

Филипче: Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците во приоритетните

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk