ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Ковид кризата отвори можност за опоравување на економијата на „зелен“ одржлив начин

June 24, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид кризата беше стрес – тест за сите институции и никој од нас не беше подготвен. Но, од друга страна отвори можност и предизвик опоравувањето на економијата да го направиме на „зелен“, одржлив начин, истакнал министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на Економскиот форум што се одржа вчера во Скопје.

Министерот зборувал за можностите за одржливо и зелено закрепнување на државата од Ковид кризата, при тоа ги посочил Ревидираните национали придонеси кон Договорот од Париз во кои веќе е проектиран сет од 63 мерки кои според него иако се однесуваат на постигнување на националната цел за намалување на емисиите на стакленичките гасови за 51 отсто, исто така се применливи и како мерки за опоравување од Ковид кризата и за обезбедување на одржлив развој на државата.

Мора да се разбере дека со овие мерки се отвараат можности за нови работни места, за зелени работни места, се поттикнува приватниот сектор кој веќе ја препознава поврзаноста на економскиот развој со промена во пристапот и изборот на нови технологии, користење на обновливи извори на енергија, и се влијае и на промена на однесувањето на потрошувачите. Во крајна линија мерките се проектирани да ги развиваат локаlните бизниси, се трудово интензивни, го намалуваат чинењето на производниот процес, отвораат нови работни места и поттикнуваат користење на локално произведени материјали што само по себе значи одржлив развој, истакнал Нуредини.

Како што информират од Министерството за животна средина и просторно планирање, определба за имплементација на Зелената агенда, Нуредини ја окарактеризирал како определба да се оди по патот кој води кон Европскиот Зелен договор. Информирал дека во државава веќе се имплементирани дел од целите на Зелената агенда, и се отвориле поголеми можности за развој на регионалната соработка, а воедно и се зголемил пристапот до нови инвестициски фондови.

Нуредини се осврнал и на отпадот како едно од клучните актуелни прашања во животната средина, споменувајќи дека сега конечно имаме системски пристап во решавањето на ова прашање.

-Креирани се новите политики и регулатива за областа, се обезбедуваат средставата за реализација на регионалниот систем за управување со отпадот и обезбедени се условите за развој на циркуларна економија, рециклирањето, реупотребата на материјали како секундарна суровина и отварање на нови зелени работни места во оваа област, истакнал министрерот Нуредини на на Економскиот форум во Скопје.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски: Избрани се нови изведувачи за делниците од експресниот пат Градско-Прилеп

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk