ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

June 24, 2021 20:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Законското  решение во делот на  пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври и треба само да се изгласа на пленарна седница претставува завршување на  Договорите за работа со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи.  Притоа, жените согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување можат на нивно барање да се пензионираат и на 62 години“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма.

Како изборно ветување пред граѓаните, министерката Шахпаска го посочи законското решение Недела, ден на неделен одмор, на кое, како што истакна таа се работеше изминатите 6 месеци преку широка и конструктивна дебата со сите засегнати чинители. Резултатот беше околу 42 исклучоци односно дејности каде што работниот процес не може да биде запрен.

Во врска со работата на новиот системски Закон за работни односи министерката ја истакна нужноста од неговото носење ако се земе предвид дека од 2004 година  до денеска направен се преку 20 интервенции.

„Денешницата наметнува нови правила на игра дури и во работните односи. Пандемијата дел од тие работи ги забрза. Како потребата од работата од далечина, работата од дома, флексибилното работно време. Затоа работната група составена од експерти во трудово право, репрезентативни и нерепрезентатини синдикати, организација на работодавачи и останати засегнати страни, интезивно работеа изминатиов период, со цел да ги забрзаме процесите и прилагодиме на новото време“, рече Шагхпаска.

Таа најави промени и во времетраењето на договорите на определено време, кои досега траеја 5 години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување.

„Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка и инклузивна  јавна дебата, по која ќе треба да се најде баланс помеѓу двете барања . Договорите на неопределено време сеуште генерираат  сигурност во делот на социјалните трансфери и  права кои произлегуваат од работниот однос“ рече Шахпаска.​

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото илустрација: Magnet.me / Unsplash

Конференција на „Метаморфозис“ и „Евротинк“: Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност

НАЈНОВО

„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

October 16, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето град по мерка на човекот, не на автомобилите

October 16, 2025

Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk