Законите за спречување и заштита од дискриминација и заштита и спречување од насилство врз жените и семејно насилство се два круцијални закони кога се работи за човековите права. Наш партнер во креирањето на подзаконските акти и имплементацијата е граѓанскиот сектор.
Таа истакна дека за успешна имплементација на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство потребен е еден мултисекторки пристап во процесот на обука. Земајќи предвид дека лицето кое се соочило со насилство се обраќа прво во Центар за социјална работа или полициска станица, но исто така важни се и здравствените работници и наставниците во училиштата, за полесно препознавање на сторено насилство, превенција и поддршка на жртвите.
Министерката појасни дека со правилниците и подзаконските акти предвидена е и работа со насилниците, преку психосоцијална поддршка ги променат негативните навики кои водат до насилство. Но, за прв пат судот без судско рочиште носи одлука за отстранување на насилникот надвор од домот и спречување од повторување од насилството.
„Преку кампањи за подигање на јавната свест за насилството, негово препознавање, спречување и јакнење на жената во општеството работиме на сузбивање на оваа негативна појава во општеството“, подвлече Шахпаска.





