ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во двор на црковен интернат во Канада пронајдени посмртни останки од 751 дете

June 24, 2021 21:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Домородната заедница од Канада соопшти дека пронашла стотици необележани гробови на местото на некогашниот интернат во црквата во провинцијата Саскачеван.

„Суверената автохтона федерација на Првите нации“ (ФСИН) во регионот Ковесес соопшти дека откритието на гробовите е „досега најзначајно во Канада“.

Заедницата во Ковесес е една од неколкуте таканаречени „Први нации“, како што се нарекува домородното население во Канада, потомци на Инуитите и Мерисите.

Кадмус Делорм, раководител на домородната заедница во Ковесес, изјави дека останките на 751 дете се пронајдени во необележани гробови во задниот двор на интернатот во регионот Саскачеван.

-Ова не е масовна гробница, ова се необележани гробови, рече Делорм, пренесе агенцијата Анадолија.

Според официјалните канадски податоци, интернатот работел од 1899 до 1997 година во регионот Ковесес, на околу 140 километри источно од главниот град на провинцијата Регина.

Новите гробници се откриени со површински радарски скенери, што како истраги се почнати во  139 училишта низ целата земја, откако кон крајот на мај беа пронајдени останки на 215 деца, некои на возраст од три години, кои биле закопани на местото на некогашното училиште за домородни деца во Камлоупс, Канада

Националниот лидер на Канадското собрание на Првите нации, Пери Белегард, изјави дека веста за откривањето на стотици неименувани гробници е трагична, но дека воопшто не е изненадување. Тој ги повика Канаѓаните да бидат со нив во овие исклучително тешки и емотивни моменти.

Училиштата главно ги воделе христијански цркви во име на државната влада, од 1840-тите па се до 90-тите години на минатиот век.

Повеќето од овие деца, присилно одземени од нивните семејства и сместени во црковните интернати, (се претпоставува дека биле над 150.000 локални деца) биле изложени на физичко, сексуално и психолошко насилство.

Канадската федерална влада во 2008 година официјално им се извини на жртвите за тоа што се случувало во црковните интернати, каде илјадници деца починале од глад, студ и медицински експерименти.

извор: МИА

Next Post

Не ни треба ЕУ ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и идентитет

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk