ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бабовски: Добивме статус на земја слободна од болеста чума кај мали преживари, ќе може да извезуваме живи животни и нивни производи во ЕУ

June 25, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби официјално известување од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ дека Република Северна Македонија го доби статусот на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози), со што го исполнивме условот земјава од страна на Европската комисија да биде одобрена за извоз, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи, информира директорот на АХВ Николче Бабовски.

-Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, за Република Северна Македонија претставува основа за полесен пристап до меѓународните и отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава, изјави Бабовски.

За добивање на статусот слободна земја од болеста чума кај мали преживари, посочи, АХВ до ОИЕ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот и други податоци релевантни за добивање на овој статус. Болеста чума кај малите преживари, додаде, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

-Болеста задолжително се пријавува во ОИЕ и затоа и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста чума кај малите преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари, потенцира Бабовски.

извор: МИА

Next Post

Строг карантин во Сиднеј поради зголемен број на заразени со делта сојот на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk