ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Да направиме да ни биде подобро дома, за да бидат помали причините да се оди надвор

June 25, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да си ја направиме нашата држава подобра и да обезбедиме еднакви шанси за младите за да можат да напредуваат согласно своите способности, да има фер натпревар, повеќе меритократија, бидејќи колку повеќе ќе направиме да ни биде подобро дома, толку помали ќе бидат причините да се оди надвор, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на второто Младинско градско собрание, одржано во рамки на серијата виртуелни средби во организација на Американските катчиња.

Димитров со младите разговараше за придобивките од членството на земјава во ЕУ и одговараше на нивните прашања околу пристапниот процес.

Тој, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на младите луѓе им порача дека отпочнувањето на пристапните преговори ќе ни даде надеж, но од исклучителна важност е институциите и младите да ги здружат силите за надминување на проблемите.

– Наше е да продолжиме да работиме, во принцип самото зачленување нема преку ноќ да не направи идеални. Пристапниот процес е процес на реформи и алатки за реформи, каде имаме машинерија од Брисел која не мониторира, ни помага. Имаме европски фондови кои ни помагаат да го подобриме квалитетот на живот. Многу е битно – бидејќи ова го правиме за нашите граѓани, за следните генерации – работата дома да не застанува, без разлика на политичките предизвици со нашите соседи од Бугарија. И токму тоа е идејата на „Агенда: Европа дома“ – на некој начин насловот тоа се обидува да го преслика – обезбедување на европски начин, европски стандард на живот дома, порача Димитров.

Како што информира СЕП, најголем интерес за разговор кај учесниците имаше за прашања поврзани со животната средина, билатералните прашања и нивно надминување, младинските политики и зголемениот тренд на иселување на младите.

Димитров потенцира дека иако членството во ЕУ нуди многу можности за младите за студирање, живеење и работење во земјите членки на Унијата, истовремено влијае и врз намалување на потребата да се оди надвор.

Тој им се заблагодари на младите за интересот да учествуваат во дискусијата и им порача да веруваат во себе и да продолжат да бидат активни во областите кои се од нивни интерес.

Покрај средношколци и студенти, на втората виртуелна средба на Младинското градско собрание се вклучија и претставници на младински граѓански организации од Скопје, Тетово и регионот на Штип. Целта на овие виртуелни средби е овозможување отворен разговор на теми поврзани со Европската Унија и процесот на пристапувањето на Северна Македонија.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: ПЦР тестот не е исфрлен од употреба

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk