ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Совет на амбасадори: Треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија за развој на добрососедските односи

June 25, 2021 18:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу пати повторената констатација на Комисијата на ЕУ дека на земјите на Западен Балкан местото им е во Унијата без конкретни резултати е неисполнување на очекуваните обврски на ЕУ со што се нарушува и кредибилитетот на Унијата, оценува Советот на амбасадори на Северна Македонија.

Советот, се вели во соопштението од Извршниот одбор, смета дека институциите на ЕУ не треба да станат форум каде ќе се дебатира за историски прашања на народите, туку место каде ќе се расправа за продлабочување на пријателството меѓу народите, сеопштиот економски, социјален и културен просперитет, успешната борба против меѓународниот тероризам и искоренување на пандемијата КОВИД 19.

– Советот оценува дека постои недостаток на соработка и големи разлики во ставовите меѓу политичките чинители во земјата во однос на надминување на овој сериозен политички проблем и треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија на развој на добрососедските односи. Советот на Амбасадори и во оваа прилика ја изразува својата готовност да придонесе во осовременување на стратегијата за дијалог, бидејќи досегашната, по сите параметри, не ги даде очекуваните резултати, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори, се вели во соопштението од Извршниот одбор, со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна  Република Бугарија.

– Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што и се нанесени  на нашата земја на нејзиниот пат кон евроинтеграциите од нејзиното осамостојување до денес иако земјата секогаш ревносно ги исполнува поставените барања од Унијата во делот на реформите во многу области на живеењето. Советот жали што  овој пат Македонија и нејзините досега стабилни добрососедски  односи со Бугарија  на непримерен начин станаа дел од предизборната кампања во оваа земја членка на Унијата преку барања кои беа во спротивност со европските вредности, стандарди и принципи на дејствување, се вели во соопштението од Советот на Амбасадори.

Next Post

Aплицирани 501.506 дози вакцини, ревакцинирани 212.201 граѓани

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk