ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска-Забрчанец: Нашата демократска приказна е посилна од лажните вести, медиумската писменост е заеднички влог во критички свесно население

June 28, 2021 17:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во својот поздравен говор на онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, поддржана од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“,  министерката за образование Мила Царовска  истакна дека критичкото мислење и медиумската писменост се исклучително важни во борбата со лажните вести.

Во својот поздравен говор на онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, поддржана од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“, министерката за образование Мила Царовска истакна дека критичкото мислење и медиумската писменост се исклучително важни во борбата со лажните вести.

„Сведоци сме дека целиот свет се бори против лажните вести. Во оваа борба сакаме да  создадеме генерации кои ќе имаат алатки против нив. За таа цел презедовме чекори да ја воведеме медиумската писменост во основно образование и да ги научиме најмладите да ги проверуваат информациите. Тоа е критичкиот столб за градење на едно демократско граѓанско општество.

Наша цел е да направиме подготовка и на наставниците кои се таргет на лажните вести – да имаме и подготвени наставници кои ќе ги спроведуваат овие програми. Сакаме да создадеме граѓани отпорни на лажни вести и како Влада стратешки проценивме дека образованието е превенција“, истакна Царовска.
Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец,  во своето излагање истакна дека  Владата уште во 2019 година креираше Акциски план против дезинформации кој претставува платформа за транспарентно работење, за информирано и едуцирано население, за медиумска писменост, за безбедно користење интернет, за поддршка на саморегулацијата која ја спроведе медиумската фела во делот на порталите, како и за брзо реагирање во случај на кризи.

„Оваа  платформа е отворена и ќе остане отворена со цел секој чинител да си го пронајде своето место и за да се обезбеди демократска и вредносна брана од опасностите кои ги носат дезинформациите”, подвлече Забрчанец.

Во своето излагање тој исто така истакна дека се залага за пресврт, односно за промена во јавниот наратив со цел охрабрување на населението и доминација на свеста и фактите над дезинформациите.

„Дезинформациите прават штета, но не смееме да им придаваме повеќе моќ отколку што реално имаат. Не велам дека треба да ги потценуваме центрите за манипулација, но да не дозволиме да нè втурнат во страв и несигурност.

Нашата демократска приказна е многу поголема од она против што се бориме односно од дезинформациите. Сакаме да наметнеме проактивна наместо реактивна агенда, но притоа да не ја намалиме перцепцијата за степенот на штетност на лажните вести. Повеќе да зборуваме за активна транспарентност, за медиумска писменост, за професионално новинарство, за ново дигитално медиумско известување“, подвлече Забрчанец.
Тој  ја истакна важноста за ревидирање на курикулумите за комуникации и новинарство и дека генерациите од 21 век не можат да учат за новинарството од 20 век, кое постои само во учебниците.

„Сакам да ја изразам нашата подготвеност да бидеме партнери на академската заедница, на граѓанскиот сектор и медиумите, со цел заеднички да ги унапредуваме граѓанските вредности“, истакна Забрчанец.

На онлајн конференцијата во сесијата „Одбрана на демократијата од дезинформации“  свое излагање имаше и Илија, Жупаноски, советник на премиерот за дигитални комуникации на Владата на република Северна Македонија.

Next Post

Заев: Борбата со корупција и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните ќе ги постигнеме со дигитализација на процесите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk