ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Отворивме важни прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот

June 28, 2021 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на проширување на ЕУ и последните случувања поврзани со последните Самити на ЕУ беше централна тема на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6) во Познан, во рамките на полското претседавање со В4, на кој учествуваше и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во присуство на специјалниот претставник на ЕУ за регионалните прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и на министерот за надворешни работи на Хрватска, беа отворени прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот како двонасочен процес што подразбира исполнувања од двете страни, како и одразот на сите овие прашања врз кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во регионот и глобално.

Османи упати благодарност до претстојното словенечко претседателство за нивните планови и приоритети во однос на Западниот Балкан, но и за напорите на португалското претседателство за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Земјата во изминатите години вложи исклучителни напори за да го отвори преговарачкиот процес; соодветно, секое одложување на овој старт создава одредени фрустрации и недоверба кон процесот на проширување. Но и покрај овие предизвици, ние не само што не се откажуваме од сопствената европска иднина, туку продолжуваме и со активен ангажман во надминување на недоразбирањата со нашиот сосед, како и со нашиот активен ангажман во заштита и промоција на европскиот кредибилитет во регионот, истакна Османи.

Министрите, се додава во соопштението, без исклучок испратија силна порака да се продолжи со напорите за донесување на неопходните одлуки во рамките на словенечкото претседателство до крајот на годината, ја нагласија важноста од продолжување на процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ и ја истакнаа важноста на преговарачкиот процес за внатрешните реформи на земјите, како и за севкупна позитивна трансформација на регионот.

На состанокот голем дел од разговорите меѓу министрите беше посветен и на регионалната соработка во контекст на економското заздравување на регионот, продлабочувањето на соработката во областите на заедничкиот регионален пазар, дигитализацијата, зелената агенда, како области со голем потенцијал за економско заживување на регионот.

Османи се заблагодари на поддршката што Вишеградската група ја дава на регионот, која е изразена преку голем број конкретни проекти. Во тој контекст  се осврна на  годинешното претседавање на Северна Македонија со Фондот за Западен Балкан, чија работа во голем дел е поддржана од Меѓународниот Вишеградски фонд и В4 групата. Тој  ги изложи приоритетите на претседавањето на земјата со Фондот кои се однесуваат на негов натамошен раст, зголемена проектна активност и јакнење на регионалната сопственост врз неговата работа, стои во соопштението од МНР.

Next Post

Костадинов: Растот на платите, намалената невработеност се показател за успешните економски политики на СДСМ

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk