ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска на примопредавањето на мобилната АБХО станица за деконтаминација: Кога Армијата е посила и државата е посилна

June 28, 2021 17:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Задоволство ми е денеска што сме овде заедно за да покажеме на кој начин напредува нашата билатерална соработка со стратешкиот партнер и сојузник – САД, но како напредува и модернизацијата и опремувањето на нашата армија“, рече министерката Радмила Шекеринска на денешното примопредавање на мобилната станица за деконтаминација, донација од САД.

. На примопредавањето, на кое присуствуваше и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз и тимот за обука од САД, беше извршена презентација на можностите на станицата која може да опслужи и до 50 луѓе наеднаш, како и презентација на извидничката опрема за откривање на радиолошко, хемиско и биолошко оружје. „Ова што денеска имавме прилика да го видиме е речиси целосно заокружување на системот со кој што и Армијата на Република Северна Македонија ги развива своите капацитети за атомска, биолошка и хемиска одбрана и со кои што и ние како Армија – членка на НАТО алијансата обезбедуваме опрема која што е неопходен дел од синџирот на обезбедување“, истакна министерката.

Со нашиот сојузник, САД, рече Шекеринска, покажавме дека како што работевме заедно на нашето членство во НАТО, така и по членството работиме на развој на нашите капацитети, на развој на Криволак, на развој на одбранбената и севкупната соработка помеѓу нашите две земји. Министерката рече дека поддршката од сојузниците како САД, доаѓа затоа што покажавме и иницијатива и резултати и во сопствен развој на нашите армиски способности.

„Денеска сме тука да ја видиме опремата која ја добиваме како донација, но веќе за Армијата ние успеавме да обезбедиме одреден број на заштитни маски со договор кој што е веќе потпишан а во тек е набавка и на 1000 комплети за АБХО опрема кои што ќе бидат насочени на нашата лесна пешадија, на тимовите на специјалци и на АБХО четата која што денеска ни е домаќин“, посочи Шекеринска и додаде дека опремата ќе стои на располагање и на цивилните институции.

„Кога Армијата е посилна, и државата е посилна“, рече таа.

Амбасадорката Брнз рече дека мисијата на АБХО единицата е единствена и посебна не само затоа што е обучена да ги спасува граѓаните на Северна Македонија во војна туку затоа што и служи на државата во случаи на природни катастрофи и други предизвици. „Видовме денес дека пред нас стојат професионалци кои знаат како да ракуваат со оваа опрема и навистина ми претставува задоволство што ќе имаат можност да работат на најдобрата опрема за АБХО заштита“, истакна Брнз и додаде дека ја очекува со нетрпение нивната изведба во септември во Охрид, на вежбата на Координативниот центар на НАТО за одговор на катастрофи.

„Може да заклучиме дека начинот на кој што одговараме и на климатските промени и на нападите од надворешни чинители е начин на кој што и Алијансата функционира, односно тоа докажува дека заедно сме посилни што всушност е паролата на НАТО и на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија“, рече амбасадорката Брнз.

 

Next Post

Попладневен преглед: Неколку кандидати за градоначалници од СДСМ ќе бидат објавени уште во јули, учениците од септември во училишните клупи, од 15-ти јули ќе има теренска вакцинација

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk