ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти

June 29, 2021 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

БОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Република Северна Македонија за оваа година на четири проценти. Тоа е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020.

За 2022 исто така проекцијата за раст на БДП е четири отсто

-Во 2020 година, БДП се намали за 4,5 проценти на годишно ниво, како резултат на двоцифрениот пад на инвестициите и извозот, како и на падот од шест проценти на приватната потрошувачка. Овие намалувања беа донекаде урамнотежени со зголемувањето на владината потрошувачка која бележи раст од 10 отсто, стои во Извештајот на ЕБОР.

Се додава и дека индустриското производство се намали за 10 проценти, а секторот трговија, транспорт и сместување за осум отсто.

ЕБОР забалежува и дека беа спроведени низа пакети помош, фокусирани на поддршка на ликвидноста на погодените бизниси, заштита на работните места и поддршка на најранливите групи на население преку субвенции, одложувања на данок на доход, обезбедување заеми по поволни услови и
гаранции и секторска специфична поддршка.

Во првите четири месеци од 2021 година, индустријата порасна помалку од четири проценти на годишно ниво, но продажбата на мало и извозот се зголемија над 20 и 40 отсто на годишно ниво.

-Делумно закрепнување се очекува во 2021 година, со реален раст на БДП од четири проценти како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на Владата. Интензитетот на растот се очекува да продолжи во 2022 година со четири проценти како резултат на продолжувањето на приватните инвестиции. Сепак, предвидувањата се неизвесни. Ризиците има пред се во брзината на враќање на надворешната побарувачка и во способноста на Владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата, се наведува во Извештајот.

Од земјите во регионот, проекцијата за Србија годинава е шест проценти, за Албанија 4,5, за БиХ 3,5, за Косово 4 и за Црна Гора 8,5 отсто.

извор: МИА

Next Post

Маска која покажува дали човекот е заразен со вирус

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk