ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција на ЦИВИЛ за улогата на граѓанското општество: Невладините организации не се „пералници на пари“

June 29, 2021 14:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на повеќе граѓански организации во земјата денеска во дебата во организација на ЦИВИЛ, говореа на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?, односно каква е јавната перцепцијата за граѓанските организации, каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“, колку се транспарентни во нивната работа.

-Улогата на Граѓанските организации е да бидат коректор на владата и да ги носат на прав пат општествено – политичките процеси и никако не треба да е водена од идејата да влезе во влада, тоа дефинитивно е погрешно поставен граѓански сектор, истакна Валентина Дисоска, претседателка на Здружение на бизнис жени.

Според Дисовска, невладиниот сектор мора да се класифицира, да се направи катастар со стриктна поделба на улогите на невладиниот сектор, затоа што „не може една организација со еден ист кадар да работи и екологија и економија, па малце човекови права, па малце аграр, женски права…“ Таа се залага и за атастар на донатори, проекти, активности

Валентина Дисоска

-Затоа што кога ќе споите делумно едуциран кадар со организации кои работат од се по малце, бидејќи нивната кауза е широка и тие работат на секое поле, е токму тогаш се добива епитет на „Фолоранти”, вели Дисовска.

Џабир Дерала од Цивил, истакна дека политичките партии во најголем дел го имаат партизирано државата и општеството и има мал простор за граанското општество. Затоа грашанките организации треба да ги слушаат граѓаните и во иднина да функционираат заедно.

Повика на вмрежување на организациите за демократизација и борба против лажните вести, за што веќе работат. Најголемата сила во општеството според него се невчадините организации.

Александар Кржаловски од МЦМС истакна дека дваесетина години го следи и ова прашање и оти перцепцијата на граѓаните не се сменила многу. Третина од граѓаните сметаат дека сме добри, вели тој, додека другите не. Најверојатно, смета Кржаловски, тоа потекнува од поделбата на парите и во владата и во невладиниот сектор.

Главното обвинување, што беше изнесено на почетокот на дебатата, е дека невладиниот сектор е пералница на пари. Кржаловски рече дека парите што ги добиваат се легални, познати се донаторите, главно се од странски извори и дека граѓанските организации не се пералници на пари и шпиони.

Во невладиниот сектор во Северна Македонија годишно влегуваат од 90 и меѓу 130 милиони евра главно во повеќе од 300 организации, додека останатите 6,500 не располагаат со големи пари. Споредувајќи Кржаловски рече дека целиот придонес од ЕУ е околу 70-80 милион евра, што значи дека невладините слично придонесуваат за државата.

Кржаловски истакна дека е потребно државата да ги зголеми фондовите за граѓанските организации,  вклучително и оние што ја критикуваат власта.

Посочувајќи на одредени истражувања, тој рече дека главниот проблем оти е изгубена врската на граѓанската организации со граѓаните. Можеби, додаде тој, сме премногу свртени кон донаторите. Најдобро би било финансирањето на НВО да доаѓа од граѓаните, кои ќе видат бенефит од нив.

Александар Николиќ Писарев

Александар Николиќ Писарев од Форум нагласи дека влијанието на невладините организации може да биде големо, потенцирајќи дека вмрежувањето исто така е многу битно а како пример посочи на Платформата на граѓанските организации за борба против корупција

-Тоа што е многу важно во функционирање на граѓанскиот сектор е тоа што мораме да се ослободиме од личните суети и од суетите на организациите дека ние сме најважни и најдобри и така натаму. И многу е битно сега кога граѓанскиот сектор е етаблиран во Македонија, издифиренцирани се секторите кој што работи, многу е важно вмрежувањето. Вмрежувањето најдобро го покажува, моментално, платформа на граѓански организации за борба против корупција, изјави Писарев.

Најголем дел од претставниците на невладините оргазниции посочија на потреба од поголема соработка со јавниот и државниот сектор, сериозно прифаќање на нивните забелешки и добивање на одговори навреме. Исто така беше потенцирано дека донации за активности од локалните самоуправи речиси и да не добиваат.

 

 

Next Post

МЖСПП: Успешен прв состанок на високо ниво согласно Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk