ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 10 милиони Австралијанци во карантин заради делта варијантата на коронавирусот

June 29, 2021 16:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 10 милиони Австралијци се ставени во карантин поради повторното ширење на коронавирусот низ целата земја, а Бризбејн стана четвртиот поголем град во земјата што им нареди на своите жители да останат во домовите.

Тридневниот карантин во Бризбејн,  што почнува вечерва, е воведен откако вакви мерки во псоледните денови беа воведени и во Сиднеј, Перт и Дарвин.

-Ова се тешки одлуки, изјави премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, откако Австралија потврди нови 23 заразени лица во последните 24 часа.

„Воведовме карантин во големите градови затоа што прекуокеанските патници го носат вирусот овде“, додаде таа.

Австралија се бори со ширењето на делта варијантата на вирусот, која првпат се појави во Индија.

И вакцинацијата напредува бавно. Две дози на вакцината им биле дадени на помалку од пет проценти од возрасните.

Од утринава во Перт е на сила четиридневен карантин, откако биле регистрирани тројца заразени.

Најголем фокус е ставен врз Сиднеј, каде од средината на јуни има 150 лица позитивни на Ковид-19. Карантинот во овој град ќе трае две недели.

Градот Дарвин, исто така, е ставен во карантин поради малото жариште поврзано со блискиот рудник за злато. Тоа е дом на домородно население за кое се стравува дека е поподложно на вирусот.

Нов Зеланд денеска соопшти дека од 5 јули делумно ќе ги обнови патувањата од и до Австралија, доколку дотогаш не се појават нови инфекции.

Австралискиот премиер Скот Морисон одлучи вакцинацијата да биде задолжителна за негувателите на стари лица и за вработените во хотелите во коис е престојува во време на карантин, а вакцината „АстраЗенека“ ќе им биде достапна на оние под 60 години кои ќе потпишат образец за прифаќање на ризикот од вакцинација.

извор: МИА

Next Post

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk