ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска до мировниците во мисиите во Авганистан: Вие бевте влезницата на Северна Македонија во НАТО

June 29, 2021 12:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на РС Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса. Покрај сите политички напори, вашата жртва, одговорност, ризик, работа, беа тие кои не претрставија во најдобро светло.

Ова го нагласи, како што рече, не дипломатски, не формално, туку од срце,  министерката за одбрана  Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата на Северна Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а на која се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Нашата мисија по речиси две децении активно учество на припадниците на Армијата заврши. Како вие ротација по ротација покажувавте дека сте вредни да ги штитите колегите или претпоставените од САД, Турција, Германија, Норвешка и од сите други земји учеснички во „Одлучна поддршка“ или „ИСАФ“, така и ние од почетокот во 2002 година покажавме дека сме верни на вредностите, приниципите и одлуките на Алијансата. Нашата посветеност, како и посветеноста на Алијансата на Авганистан не престанува, ќе продолжиме да даваме поддршка, заедно со сојузниците на авганистанските безбедносни сили, рече меѓу другото Шекеринска.

Додаде дека кога ги воделе последните „битки“ да станеме членка на НАТО, не постоел состанок или средба со претставник на НАТО или на членка на Алијансата, а да не биде споменат нивниот придонес.

Таа уште еднаш им се заблагодари на припадниците на Армијата учесници во овие мисии, за храброста, за издржливоста и за сето нивно залагање, знаење и мотивација, за способноста што покажале и потврдиле дека тие се војниците на Армијата на РСМ на кои НАТО може да се потпре. Шекеринска се заблагодари и на оние кои служеа во главниот град, во командата, на сите оние кои служеа во командата и единицата за обезбедување на главната команда во Кабул, на штабните офицери во командата Север, како и на медицинските лица како дел од норвешката Роуд болница.

Министерката Шекеринска изрази убеденост дека сите научени вештини и научени лекции ќе ги пренесат дома и така ќе помогнат да се развиваме како НАТО армија и вистинска НАТО членка.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски: Покажавте дека наши војници можат да служат успешно во која било мировна мисија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk