ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров на средба со чешкиот заменик МНР Хмелар

June 30, 2021 16:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со заменик министерот за надворешни работи на Чешката Република, Алеш Хмелар, на која, како што информираат, било разговарано за последните случувања поврзани со евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

На средбата, како што информираат од СЕП, биле разменети мислења за можностите и очекувањата за надминување на проблемот околу блокадата на пристапниот процес во наредните месеци, но истовремено била истакната и важноста од спроведувањето на домашниот реформски процес.

– Владата на вчерашната седница ја донесе Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, во која се содржани плановите за усогласување на националното законодавство со правото и стандардите на ЕУ. Ова е израз на нашиот одговор на последните случувања – без оглед на се, ние продолжуваме да одиме по патот кој го имаме зацртано за европеизација на нашето општество. Никој не може да не блокира во оваа намера, нагласи Димитров.

Чешкиот заменик министер Хмелар, изрази жалење за неуспехот да се постигне консензус за Преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција на јунскиот Совет на ЕУ, потврдувајќи дека позицијата на Чешка по однос на нашиот пристапен процес останува непроменета и поддршката ќе продолжи и во наредниот период.

– Чешка е голем поддржувач на политиката на проширување, а пристапувањето на земјите од регионот ќе биде меѓу главните приоритети за време на чешкото претседателство со ЕУ, во втората половина на следната година, истакна Хмелар.

На состанокот, се вели во соопштението, било разговарано и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и искористувањето на чешкото искуство во специфични секторски области.

извор: МИА

Next Post

Попладневен преглед: Стотици заразени од вирусот „хомосексуализам“ после Парадата на гордоста, почна вакцинацијата со „Синовак“, незначително намалување на цената на струјата

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk