ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Со португалскиот предлог не се доведува во прашање посебноста на македонскиот јазик

June 30, 2021 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Португалскиот предлог за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите на земјава, го разгледувавме врз основа на тоа што ни беше доставено како документ, а не врз основа на вчерашните изјави, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со пренесената изјава на португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик.

– Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки, изјави Маричиќ.

Тој нагласи дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање посебноста на македонскиот јазик.

– Ние сме кажале и можам да повторам уште еднаш дека посебноста на македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет ниту биле, ниту ќе бидат, ниту пак може да бидат предмет на какви било преговори, рече министерот Маричиќ.

Бугарските медиуми вчера објавија дека Закаријаш изјавила оти дебатата меѓу Северна Македонија и Бугарија е „тешка и поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји и со идната соработка“, како и оти „очигледно е поврзана со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји“.

По вака пренесената изјава синоќа реагираше португалската амбасадорка во земјава Марија Виржинија Мендес да Силва Пина, која истакна дека Португалија никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку напротив постојано се обидува да го олесни.

Пина, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во изјава за Дојче Веле нагласи дека Закарија рекла оти „има политички момент кој ги отежнува работите во Бугарија и дека има сензитивни прашања поврзани со идентитетот, историјата и бугарскиот и македонскиот јазик“.

извор: МИА

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија – НПАА 2021-2025

НАЈНОВО

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун

November 5, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk