ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Словенија е еден од најдобрите адвокати за влез на целиот Западен Балкан во ЕУ

June 30, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Република Словенија немојте да имате никакви дилеми. Словенија не е Протугалија. Словенија е еден од најдобрите адвокати за влезот на целиот Западен Балкан во ЕУ. Словенија има искуство со регионот. Словенија најдобро го знае регионот, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ во Загреб, одговарајќи на новинарско прашање.

– Во однос на словенечката Влада која оперативно ќе го води претседавањето во следните шест месеци немаме апсолутно никакви дилеми дека ќе направи најдобро што може, што е во нивна компетенција. Меѓутоа, зборувајќи за претседавачите на ЕУ, лавовскиот дел од работата е меѓу Скопје и Софија во нашите директни преговори. Немам никакви сомнежи и контроверзии дека Словенците во однос на ова прашање – интеграцијата за Западниот Балкан, ќе бидат одлични претседавачи, рече Пендаровски.

Во однос на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања Ана Паула Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, Пендаровски оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад.

– Добрата вест е што португалското претседателство заврши, јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни инаку поинаку не може да се дојде до договор, рече Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу раздвојувањето на европскиот пат на Северна Македонија и Алвбанија, Пендаровски нагласи дека одењето напред или назад во „пакет“ или замрзнувањето на интеграциите во „пакет“ не му се допаѓа.

– Не моижам да видам ситуација во која ние во Скопје би имале морално право да кажеме „немојте да ја примате Албанија или немојте да почнувате разговори со Албанија, затоа што треба заеднички да одиме“. Не постои ниту ќе има примедба од Скопје за напредокот на Албанија кон ЕУ во ситуација кога очигледно поради еден билатерален спор сме замрзнати во оваа ситуација, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател Милановиќ од своја страна оцени дека Северна Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на Унијата.

– Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите што поскоро и тоа нема да биде лесно. Ваквите пораки кои се испраќаат се обесхрабрувачки, дури и дискриминирачки, смета Милановиќ.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk